Подигнато обвинение против 45 лица за случајот Бањска - Канал 5

Подигнато обвинение против 45 лица за случајот Бањска

 Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинителен акт за терористичкиот напад во септември минатата година во Бањска во Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Подигнато обвинение против 45 лица за случајот Бањска

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство Блерим Исуфај рече дека обвинението е поднесено против 45 лица.

Обвинението доаѓа речиси една година по нападот.

Премиерот Албин Курти во континуитет го критикуваше Специјалното обвинителство дека не подигнало обвинение. Критики упати и министерката за правда Албулена Хаџиу.

Терористичката група предводена од поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радојичиќ, на 24 септември 2023 година ја нападна косовската полиција, при што го уби полицаецот Африм Буњаку.

Косовската полиција во јуни годинава соопшти дека се идентификувани 48 терористи, поднесени се кривични пријави против 45 лица, локални потерници за 41 осомничен и 39 меѓународни потерници. Поднесена е кривична пријава поради сомнение дека се сторени следниве кривични дела: тешко убиство, напад врз уставниот поредок на Република Косово, тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, здружување за противуставна дејност, извршување терористички акт, подготвување терористички акти или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, перење пари и финансирање тероризам. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Расте бројот на заболени со западнонилска треска.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот.

Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми.

Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човек

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер