Подгответе се: Ќе имаме ли посебен „iPhone“ следната година? - Канал 5

Подгответе се: Ќе имаме ли посебен „iPhone“ следната година?

„Apple“ наводно тестира поголеми екрани за посебен „iPhone“ кој се очекува да биде претставен во 2027 година за да се одбележи 20-годишнината од првиот модел.

Подгответе се: Ќе имаме ли посебен „iPhone“ следната година?

Според познатиот кинески инсајдер „Digital Chat Station“, „Apple“ моментално тестира два нови екрани - едниот има дијагонала од околу 6,4 инчи, додека другиот достигнува речиси 7 инчи. Доколку информациите се покажат точни, новиот уред би можел да го донесе најголемиот екран во историјата на „iPhone“.

За споредба, сегашниот „iPhone 17 Pro“ има екран од 6,3 инчи, додека „Pro Max“ користи панел од 6,9 инчи. Новите модели не би донеле драстично зголемување, но би го претставувале најголемиот екран на „Apple“ досега.

Нов дизајн речиси без рамки

Поголемиот екран би требало да биде придружен и со целосно освежен изглед на уредот. Гласините зборуваат за екран со екстремно тенки рамки и закривеност на сите четири страни.

Според извештаите, „Apple“ веќе тестира слична технологија на овогодишната генерација на „iPhone“, што би можело да значи дека развојот на оваа технологија е при крај.

Се очекува соодносот на ширина и висина да остане ист како кај сегашните модели, па уредот би изгледал како зголемена верзија на денешниот дизајн, а не како сосема нов концепт.

Засега само гласини

Треба да се напомене дека оваа информација е базирана на објава од извор на кинеската социјална мрежа „Weibo“. „Apple“ официјално не потврди ништо, а плановите на компанијата може значително да се променат до моментот кога ќе биде претставен уредот.

Моделот за 20-годишнината не се очекува до 2027 година, па затоа оваа информација треба да се смета за рана шпекулација, а не за потврден факт.

Во меѓувреме, се очекува „Apple“ да ја претстави генерацијата „iPhone 2026“ следниот месец, која, според сегашните информации, треба да ги задржи истите дијагонали на екранот како и претходните модели.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер