Поддржани пет нови претстави на Драмски театар за 2017 - Канал 5

Поддржани пет нови претстави на Драмски театар за 2017

На конкурсот за Годишна програма на националните установи, која на веб-страницата деновиве ја објави Министерството за култура, Драмски театар-Скопје за годинава конкурираше со шест претстави, од кои одобрени се пет.

Поддржани пет нови претстави на Драмски театар за 2017
Тоа се „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, во режија на Иван Манасковски, „Вера, љубов, надеж“ на Еден фон Хорват, во режија на Лука Кортина, „Атена со пенис“ на Александар Русјаков, во режија на Синиша Евтимов, „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн, во режија на Оливер Фрљиќ и „Неподносливо долги прегратки“ на Иван Александрович Вирипаев, а во режија на Галин Стоев.

- Во репертоарот на НУ Драмски театар-Скопје за 2017 година запазена е интенцијата на Театарот секоја година да поставува драмски текстови од домашни автори, како и да даде шанса и да промовира млади и талентирани режисери. Проверените и докажани режисерски имиња од странство кои треба да режираат на сцената на Драмски театар-Скопје е само потврда на заложбите на Театарот за отворен проток на идеи и за промоција на современите европски трендови на сцената на Театарот, се вели во соопштението од Драмски театар-Скопје.

Оттаму потсетуваат дека на конкурсот за Годишна програма на националните установи Драмски театар-Скопје во 2016 година конкурирале со девет претстави, а одобрени биле шест. Последната претстава е во фаза на реализација и се очекува да биде готова кон средината на февруари.

Одобрени биле и издание на „Театарски гласник“, кој во моментов е во печат и монографијата „70 години НУ Драмски театар-Скопје, која е во завршна фаза на изработка. Одобрена и реализирана е мини балканска турнеја во Сараево, Загреб и Белград со претставата „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски.

Во 2016 година Драмски театар-Скопје одиграл 203 претстави, кои ги погледнале 36.272 гледачи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институции

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери

Засилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институции

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери, но најави дека Царината ќе преземе сопствени мерки, откако ќе заврши постапката на надлежното обвинителство и полицијата. На Имери скопскиот Кривичен суд му определи 30 дена притвор. По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК го осомничи дека примил 17.500 евра од кои дел за веќе склучен договор да се реализира без пречки.

-Ние како Царинска управа ќе преземеме се што е во наша надлежност меѓутоа оваа постапка ја води надлежното обвинителство, полицијата го изврши апсењето така да ќе чекаме во коминукација со нив и потоа ќе преземеме наши мерки како што преземавме за сите досега осомничени кои беа во нашите редови,- изјави – Бобан Николовски – Директор на Царинска управа на РМ.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на граничниот премин Табановце на настанот по повод завршување на проектите реализирани во рамки на акцискиот документ – ЕУ против организираниот криминал со поддршка за трговијата, порача дека државата ќе продолжи да се бори против криминалните структури.

-Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и сакам јасно да кажам на македонската јавност дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во меѓувреме, Владата најавува и проект со Транспаренси Интернешнл – Македонија, со кој граѓаните треба да добијат дополнителен механизам за пријавување сомнежи за корупција, преку телефонска линија и други канали за пријавување. Од Транспаренси засега не откриваат многу детали за начинот на кој ќе функционира механизмот, со објаснување дека проектот е сè уште во зачеток и дека се работи на неговото прецизирање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Камениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот.

Камениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Проектот има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје.

Современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на мостот. Посебен акцент ќе биде ставен на неговите препознатливи камени сводови, со цел нивната форма и историска вредност да дојдат до израз, без да се наруши изгледот и карактерот на објектот.

Камениот мост е сведок на историјата на Скопје и еден од најзначајните елементи на градскиот идентитет. Како врска меѓу двата брега на Вардар, мостот со векови е дел од животот на градот и неговите граѓани.

Реализацијата на проектот е резултат на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, Република Турција, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка.

Од Градот Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци кои се вклучени во реализацијата на проектот.

„Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации. Камениот мост е симбол на Скопје и заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама на градот“, порачаа од Градот Скопје.

Со реализацијата на проектот, Камениот мост ќе добие нов визуелен идентитет во вечерните часови, со што дополнително ќе се збогати градскиот простор и туристичката понуда на Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: На Инфективна клиника се лекуваат седум пациенти, двајца се во критична состојба

На Инфективната клиника во моментов се лекуваат седум пациенти од кои два се сеуште во критична состојба.

Цана: На Инфективна клиника се лекуваат седум пациенти, двајца се во критична состојба

Се намалува бројот на заболени, за само десет дена регистриран е само еден сомнителен случај

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер