КултураПоддршка за превод на 16 македонски дела од странски издавачи Министерството за култура ќе поддржи 16 проекти на 15 автори за превод на македонски дела на странски јазици, информираше министерката Елизабета Канческа-Милевска.На прес-конференција во Струга таа рече дека има голем интерес од странските издавачки куќи за превод на дела на македонски автори. Во Министерството за култура пристигнале 36 апликации од издавачки куќи од 15 земји: Канада, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Руска Федерација, Германија, Словенија, Белгија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Турција, Бугарија и Украина. - Конкурсот за странски издавачи е една од најкрупните реформи во областа на издавачката дејност во Република Македонија. Нашето досегашно искуство говори дека овој проект ќе има големи придобивки во контекст на афирмацијата на македонската книжевност во светот. Уверена сум дека бројот на апликации и во иднина ќе се зголемува, особено преку промоцијата на овој проект на големите саемски претставувања на Република Македонија, кои ќе се случуваат наредните два месеци во Франкфурт и Гетеборг, рече Канческа-Милевска. Согласно со исполнетите критериуми на конкурсот, Комисијата, одлучи да биде обезбедена поддршка за превод на романите: „Трите века“ од Саво Костадиновски на германски јазик, „Храпешко“ на Ермис Лафазановски на полски и руски јазик и „Патот на јагулите“ на академик Луан Старова на руски јазик. Белгиската издавачка куќа „Кантокен“ од Брисел на француски јазик ќе го преведе наградуваниот роман „Вештица“ на Венко Андоновски. По издавањето, романот ќе биде дистрибуиран на поширокото јазично подрачје каде што се говори францускиот јазик, пред се на територијата на земјите од Бенелукс. Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ на Гоце Смилевски ќе биде преведен и објавен на полски јазик од издавачката куќа „Фоксал“ од Варшава. На српски јазик ќе биде преведено делото „Асхаровци“ од Трајан Петровски, „Балканскиот мегаетникум“ од проф. д-р Димитар Мирчев ќе биде преведено на словенечки јазик и издадено од Универзитетот во Љубљана. Ќе бидат преведени и дела од литературата за деца: „Првата љубов на Розевата улица“ на Киро Донев и „Весел ЗОО Парк“ на Натали Спасова, ќе бидат објавени на украински јазик од издавачката куќа „Твердинаја“. Покрај дела од прозната продукција, поддржани се и преводи на неколку поетски збирки од истакнати македонски поети, како и антологии на македонската поезија. На српски јазик ќе бидат преведени делата „Антологија на современата македонска поезија-Семоќни струни“ од Ристо Василевски и „Огледало на вековите – избор од поезијата на Раде Силјан“ (од издавачката куќа „Арка“ од Србија). „Смртта има коса од морска трева“ од Игор Исаковски ќе се преведе на хрватски јазик од издавачката куќа „Меандар медиа“ од Хрватска, а избор од поезијата на Богомил Ѓузел на црногорски јазик ќе преведе издавачката куќа ОКФ од Цетиње. „Кога ни гореше под нозете“ од академик Катица Ќулавкова ќе се преведе на албански јазик од издавачката куќа „Тоена“ од Тирана, а „Поле, бојно поле?“ на Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик ќе го преведе и објави издавачката куќа „Смол срејшн прес“ од Софија. Нове Цветановски, претставник на стручната комисија, истакна дека Министерството за култура дава најобемна поддршка за прозните дела споредено со земјите во регионот. - Ова е еден од најзначајните проекти за меѓународна афирмација на македонската литература и култура. Конкуросот веќе ја носи македонската додадена вредност во европската, па и во светската литература, затоа што носи вредни дела од македонски автори на други јазици. Со самиот чин на објавување на делата, се збогатува трајната вредност на тие национални култури, на јазикот на кој се преведува и воопшто на европската литература и култура, рече Цветановски. За академик Катица Ќулавкова, активирањето на проектот за превод на македонски дела на други јазици, кои ќе бидат објавувани од реномирани издавачки куќи во странство, е знак дека неколку потези и концепции за развојот на културата на Република Македонија се добро испланирани. - Очекувам големи резултати од овој проект на планот на промоција на македонската култура и литература во светот. Мислам дека нема писател кој не е задоволен од овој потег, бидејќи знаеме дека во минатото навистина сме наидувале на многу проблеми - прво во преводот на нашите дела, а потоа и во објавувањето затоа што преводот е еден од условите без кои не се може нашите дела да бидат објавени во странство и особено кај реномирани издавачи, рече Ќулавкова. Министерството за култура на почеткот на 2014 година објави конкурс за странски издавачи, односно за финансирање на преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската литература на странски јазици. Конкурсот беше предвиден како приоритет во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 со цел да обезбеди посоодветен третман на нашите автори кај странските издавачи и меѓународна промоција на македонското творештво и на државата./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook