Поддршка од ОБСЕ за развивање платформа за подобро справување со миграциските прашања

Развивањето платформа за директна координација и комуникација помеѓу органите на прогонот и сите инволвирани владини институции е клучно за подобро справување со потенцијалните кризни ситуации со миграцијата, порачаа учесниците на денешната тркалезна маса во Скопје организирана од Мисијата на ОБСЕ.

На дискусијата присуствуваа околу 35 претставници на државни институции, национални агенции, меѓународни организации и невладини организации кои изнесоа препораки за детален План за вонредни состојби во областа на миграцијата.

- Ќе продолжиме да и помагаме на земјата да се подготви за евентуални миграциски кризи, помагајќи им на националните власти во развивањето на национален план заснован на најдобрите меѓународни практики и насоки, рече Марија де Бенито Родригез, советник за мигранти и безбедност на бегалци при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска посочи дека денешната трибина може да помогне да се развие подобар и посеопфатен План за вонредни состојби во областа на миграцијата, врз основа на искуството стекнато во текот на годините.

- Миграцијата се провлекува низ годините и миграциската криза која произлегува од таквите движења покажа дека навистина е тешко, речиси невозможно, да се пронајде унифициран и стандардизиран одговор на сите миграциски текови, бидејќи секое движење на луѓе и секоја евентуална криза е специфична и карактеристична по различни елементи и предизвици својствени токму за таа криза, рече Несторовска.

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Елена Грозданова потенцира дека донаторската помош била клучна за успешно справување со миграциската криза.

- Успешното справување со миграциската криза, кое беше потврдено од неколку меѓународни извештаи, не би било можно без голема донаторска помош. За повеќе од милион луѓе кои поминаа преку земјата, може да заклучиме дека заштитата и хуманитарната поддршка кои им беа понудени беа на задоволително ниво, рече Грозданова.

Денешната дискусија е дел од активностите на Мисијата за промовирање на пристапот заснован на жртвата и човековите права кон справување со предизвиците кои ги носат миграциските текови.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер