Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност
1Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност
3ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
КултураПод слоганот „Храна за душа“ денеска беше отворено 37 издание на Саемот на книгаОгромен интерес уште од првиот ден. Љубителите на пишаниот збор ги преплавија штандовите на овогодинешниот Саем на книга во Скопје .Читатели од сите возрасти, побрзаа да си ја купат омилената книга но и да си добијат автограм од омилениот писател. А што се книгите? Храна за душата, спој помеѓу небото и земјата и поврзување на народите преку пишаниот збор. Ова се дел од пораките кои се испратија на овој настан. Отворањето на самиот Саем го најавија најмладите, кои имаа и свој настап. Претседателката на државава, Давкова, посакаа успешен Саем, кој според неа е еден вид на „културен натпревар помеѓу народите“. Покрај министерот за култура Љутков, кој кажа дека книгата е духовен дом, гостин на овој настан беше и неговиот српски колега, Селаковиќ, кој пак рече дека ваквите настани се мост за различните народи. Веднаш по својот говор, минситерот Љутков доби и подарок од најмладите . Уште на отворањето на саемот беше очигледен интересот за книгите. Читателите, од најмлади до највозрасни побрзаа да си разгледаат и да купат по некоја книга. Во време на интернет технологијата, дел од луѓето стравуваат дека книгата полека го губи чекорот. Сепак, сметаат дека книгата нема да потклекне на модерното време. Саемот ќе трае до 14-ти мај. Вратите во салата „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 10 до 20 часот, додека пак последниот ден до 18 часот. Цените на влезниците се исти како и минатата година: редовна влезница – 100 денари, влезница за организирани посети на ученици – 50 денари/по ученик, влезница за три посети на саемот – 250 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаМанасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можностНедонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ.Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност. Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех. Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој. Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИниеста: Ако Меси победи, завршува секоја дебата за тоа кој е најдобар на сите времињаЛегендарниот шпански фудбалер и играч на Барселона, Андрес Иниеста, се огласи пред спектакуларното финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, споделувајќи крајно емотивен поглед на дуелот што го очекува светот. За Иниеста, овој натпревар – во кој младите ѕвезди на „Ла Роха“, Ламин Јамал и Педри, ќе се соочат со неговиот долгогодишен соиграч Лионел Меси – претставува остварување на сонот за секој љубител на фудбалот. Славниот фудбалер призна дека би бил среќен без оглед на конечниот исход, иако не ја криеше својата мала пристрасност кон татковината, изразувајќи желба да ја види Шпанија како ја освојува светската титула. Иниеста опиша што би значело победата за која било страна за фудбалската историја, нагласувајќи го огромното значење на претстојниот натпревар. „Од една страна, ако Лео повторно победи, тоа целосно ја решава секоја преостаната дебата за тоа кој е најголем на сите времиња (GOAT). А ако Ламин и Шпанија триумфираат? Тоа би изгледало како прекрасно, симболично предавање на факелот на новата генерација. Ќе биде многу емотивно да се гледа како се одвива сè“, рече легендарната шпанска ѕвезда, очекувајќи натпревар исполнет со емоции и историско значење.Тагови: инеста Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЖелезна Тврдина - проекција, БФФ Охрид (Beach Film Festival ) Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина.Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина”, во режија на Митко Панов. Aктерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар, и гости меѓу кои: Paul Gordon, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски, Атиџе Муратова и Боби Додевски-Шлукс. Железна тврдина – филмска работилница, го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, филмот воплотува елементи на фикција и фантазија. “Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативни вежби, полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и креираните идентитети почнуваат да се преклопуваат. “ ”Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесното и несвесното се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘видено oдблиску, ништо не е ’нормално’.” Проекцијата ќе се одржи во присуство на авторите. Влезот е СЛОБОДЕН. Во програмата која следи ќе биде прикажан и Самоуништување, на продуцентот-актер Јовица Михајловси, познат како прв Македонски независен филм, 1996. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter