Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост
2Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост
ЕвропаПод силни безбедносни мерки се евакуираат патниците од крузерот со хантавирус (ВИДЕО)Со маски преку лице, хируршки капи и пластични медицински мантили, првите патници се истоварија од крузерот MV Hondius откако бродот беше позитивен на тестот за хантавирус.Со маски преку лице, хируршки капи и пластични медицински мантили, првите патници се истоварија од крузерот MV Hondius откако бродот беше позитивен на тестот за хантавирус, кој досега одзеде три животи и зарази најмалку шест лица. Бродот денеска се закотви во Тенерифе, од каде што патниците ќе бидат префрлени во нивните матични земји со специјални летови за понатамошно набљудување. Прво, шпанските државјани беа истоварени, однесени со брод до брегот, а потоа со автобус до пистата, каде што ги чека специјален авион кој ќе ги однесе до Мадрид, од каде што ќе бидат префрлени во воена болница и ставени во карантин. „Како превентивна мерка, сите патници на луксузниот крузер „MV Hondius“ се сметаат за контакти со висок ризик“, соопшти Европската агенција за јавно здравје во саботата навечер. Евакуацијата на патниците ќе се спроведува во фази и се очекува да биде завршена до понеделник. Патниците ќе бидат евакуирани по редослед на летови за репатријација. На бродот има и граѓани на Велика Британија, Германија, Холандија, САД... Тимовите за евакуација, кои ги пречекуваат патниците, се заштитени од глава до пети. Тие носат специјални маски на лицата, рацете им се во специјални гумени ракавици, додека сите носат и специјални одела. Триесет членови на екипажот ќе останат на бродот и ќе отпловат кон Холандија, каде што бродот ќе биде дезинфициран. Потсетуваме, бродот отплови од Капо Верде за Шпанија во среда откако Светската здравствена организација и Европската унија побараа да се организира евакуација на патниците поради епидемијата на хантавирус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен БалканЗабрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес, изјавил унгарскиот премиер Петер Маѓар пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел.Маѓар нагласил дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки. Тој оценил дека не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа како што изјавил, не би било ниту праведно ниту прагматично. Според Маѓар малку е веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но нагласил дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.Тагови: Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаСлучај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливостЗа аферата во ФФМ предмалку со соопштение се огласија од Кривичниот суд од каде потврдија дека завршиле исказите на осомничените за случајотОд спроведени 12 лица, мерка притвор добиле три лица, 5 одат во куќен, за четворица се определени мерки за претпазливост, додека 5 лица се сѐ уште недостапни за органите. Според истите информации меѓу оние кои оди во ефективен притвор е и поранешниот претседател на ффм, Илчо Ѓорѓиоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнаа разговорите за реконструкција на ВладатаЗапочнаа разговорите за најавената реконструкција на Владата.Средбата се одржуваше зад затворени врати, а конкретни детали за содржината на разговорите засега не се откриваат. И од Владата и од ВЛЕН велат дека процесот се уште е во рана фаза и станува збор за чувствителни разговори. Според информации на Канал 5, на првичните состаноци ќе се утврдуваат принципите врз кои ќе се спроведе реконструкцијата, по што ќе следуваат разговори за конкретните кадровски решенија. Од Владата порачуваат дека нема да има толеранција за функционери кои отстапуваат од принципите на работата. „Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана. Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се пораките што тој ги упати на одбележувањето на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува.“, велат од Владата. За утре пак, е најавена средба меѓу премиерот Мицкоски и коалицискиот партнер ЗНАМ, што во гостувањето во „Само интервју“ го потврди и министерот за јавна администрација Горан Минчев. Тој рече дека од премиерот најнапред ќе побараат информација за обемот на реконструкцијата што се планира, но и дека ЗНАМ веќе изготвила детална евалуација на двегодишното работење на своите функционери, која покажала дека тие успешно ги извршувале задачите. Веќе извесен период се шпекулира дека Мицкоски ќе се заблагодари на дел од министрите од ВМРО-ДПМНЕ, додека кај одредени ресори се можни рокади со коалициските партнери. Се споменуваат имињата на Ристовски, Љутков и Јаневска. Кај ВРЕДИ, по оставката на Фетаи и разидувањата на Лимани, можни се промени во ресорите и кадровски прераспределби, вклучително и рокада меѓу министрите Сали и Алиу. Неофицијално Неизвесни се и позициите на Филков, а под знак прашалник е и ресорот за добро владеење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook