Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026
2Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026
3Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници
МакедонијаПод лупа на инспекциските служби на АХВ и рестораните, месарниците и рибарницитеНа територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори кај во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло, на целатата територија на државава. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има поголема зголемена побарувачка и потрошувачка на храна. На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори кај во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло, на целатата територија на државава. Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбеднсот на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности , за што се издадени соодветни решенија. Со спроведените контроли и утврдените недолсдности изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за операторите и одговорните лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издедни решенија со наредби за отстранување на утврдените недослдности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезнедна храна, од кои 567 килограми производи од месо. Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМицотакис во Софија на средба со РадевГрчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој. Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност. Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти. Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата. Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент. Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството. Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаВо Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратенициПредлог Извештајот на известувачот Вајц за Македонија помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП, и кон крајот на јуни ке се најде и на пленарна седница на Европскиот парламент.Изгласани се 11 компромисни амандани и два на бугарски европратеници, едниот од нив се однесува на историската комисија. Усвоените амандмани европарламентот официјално ќе ги објави, по што ќе се знае дали мегу нив е и амандманоит на Вајц за вториот протокол со Бугарија. Од Европскиот парламент соопштија дека ја реафирмираат поддршката за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, не само за усвојување на потребните уставни амандмани. Вајц во пишано соопштение информираше дека е задоволен од исходот, а нагласува и дека земјава направила важни реформски чекори и дека од клучна важност е да се продолжи со напорите и да остане силно посветена на евроинтегративниот пат.Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook