Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда МL2.3. е регистриран рано изутринара во 01 часот и 36 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри југозападно од Скопје, а е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала./МИА

Колку пати е нормално да станувате во текот на ноќта за мокрење?

 Ако се случува ова, здравјето ви е загрозено!

Одењето по мала нужда зависи од возраста, но луѓето треба да знаат кога нештата се невообичаени.

Ако сте меѓу оние кои често стануваат ноќе за да одат во тоалет, можеби не сте ни свесни дека во многу случаи тоа е сосема нормално. Болничките лекари објаснуваат дека повремената потреба за мокрење во текот на ноќта е сосема очекувана, особено ако сте помлади од 60 години.

Феноменот познат како ноктурија, или често мокрење во текот на ноќта, може да биде предизвикан од различни фактори. Според медицинската сестра Давина Ричардсон од британската организација „Бешика и црева- Обединето Кралство“, причината за оваа состојба може да биде пиење на повеќе течност пред спиење или прекумерно внесување на кофеин во текот на денот. Меѓутоа, ако се разбудите повеќе од еднаш во текот на ноќта, тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред со вашето здравје.

Имено, честото одење во тоалет во текот на ноќта може да биде показател за голем број здравствени проблеми - од релативно бенигни, како што се инфекции на уринарниот тракт до посериозни состојби како што се дијабетес, висок крвен притисок, рак на простата (кај мажите), па дури и срцеви заболувања.

Меѓутоа, како што минуваат годините, се менува „нормалниот“ праг за ноќно мокрење.

Како е кај луѓето постари од 70 години?

За луѓето на возраст над 70 години, според Националната здравствена служба на Обединетото Кралство (NHS) будењето двапати во текот на ноќта за одење во тоалет се смета за нормално. Во подоцнежните години, особено во деветтата деценија, оваа бројка може да се зголеми на четири пати во текот на ноќта. Ова е резултат на природното стареење, кога телото произведува помалку антидиуретичен хормон (ADH), кој го регулира задржувањето на водата и помага да се спречи дехидрирањето.

Меѓутоа, ако ноќното мокрење станува почесто и е придружено со дополнителни симптоми, како што се зголемена жед, нагло губење на тежината и заматен вид, тоа може да биде знак за дијабетес. Високото ниво на шеќер во крвта предизвикува зголемена жед, што резултира со почесто мокрење во текот на ноќта. Исто така, високиот шеќер во крвта го иритира мочниот меур, што дополнително може да ја зголеми потребата за мокрење.

Ако честото мокрење е придружено со болка во градите, оток на глуждовите или потење, тогаш може да укажува на проблеми со срцето. Лошата циркулација поради срцеви заболувања може да предизвика оток, а вишокот на течност што се апсорбира во крвотокот потоа ја зголемува потребата за често мокрење, објаснуваат од Британскиот здравствен сервис (NHS).

Честото мокрење може да биде знак на инфекција

Исто така, зголемената фреквенција на мокрење може да биде сигнал за инфекција на уринарниот тракт, која обично е придружена со чувство на печење при мокрење и промена на мирисот или бојата на урината. Други можни причини вклучуваат камења во бубрезите, хиперактивен мочен меур, одредени лекови, нарушувања на спиењето и прекумерно внесување течности.

„Ноктуријата може сериозно да влијае на квалитетот на сонот и секојдневното функционирање, што доведува до намален квалитет на животот и на целокупното здравје“, вели Ричардсон.

Иако во некои случаи тоа може да биде симптом на сериозни болести, често може да се подобри ако се промени животниот стил.

Совети за ублажување на симптомите на ноктурија вклучуваат намалено внесување на кофеин, газирани пијалоци и алкохол, избегнување на големи количини на течности пред спиење и намалено внесување на протеини навечер. Британскиот здравствен сервис препорачува последната чаша вода во денот да ја испиете околу 20 часот, наместо подоцна навечер, за да ја намалите потребата за мокрење во текот на ноќта. Исто така, важно е да се одржува добар хигиенски режим на спиење, бидејќи ноктуријата понекогаш може да биде поврзана со слаб квалитет на сон, што значи дека кога сте будни или имате лесен сон, ќе забележите нагони за почесто мокрење.

Сепак, од Британскиот здравствен сервис советуваат луѓето кои забележуваат чести ноќни посети на тоалетот да се консултираат со својот матичен лекар, за да може да се утврди вистинската причина и да се преземат соодветни чекори за лекување.

Кардиолог реанимирал пациент над 40 минути, семејството молело за помош, но срцето не работело

 Еве како пациентот ги отворил очите!

Чонси Крендал е еден од најпознатите кардиолози на светот, тој сподели една неверојатна приказна со светот. Она што му се случило еден ден на работа не престанува да се прераскажува.

Во светот на медицината, каде секој момент е клучен, постојат искуства кои ги надминуваат границите на науката и логиката. Ова е искуство на д-р Чонси Крандал, еден од најпознатите кардиолози во светот, кој тврди дека доживеал чудо што засекогаш ја променило неговата перспектива за животот, верата и медицината.

Д-р Крандал доживеал необјаснива ситуација која ја потврдува неговата верба во Бога. Имено, тој ден Џеф Маркин од Јужна Флорида доживеал срцев удар и бил однесен во болница под надзор на доктор Крандал. Сепак, состојбата на пациентот станувала критична и по неколку обиди за реанимација, Џеф бил прогласен за мртов.

Д-р Крандал со огромен напор работел на реанимацијата 40 минути, но на крајот морал да го прифати фактот дека не може да го спаси пациентот. Срцето на Џеф престанало да чука и не се „враќало“ повеќе од еден час, а медицинскиот персонал почнал да го подготвува починатиот за мртовечница.

Но, кога доктор Крандал ја напуштал собата, се случило нешто необично. Како што подоцна открил, слушнал глас кој, според кардиологот, му наредил:

- Свртете се и помолете се за тој човек!

Иако првично не можеше да објасни зошто би го направил тоа, откако гласот повторно проговорил, доктор Крандал решил да се врати. Тој тргнал кон собата на Џеф, притоа велејќи:

-Оче, ако овој не те познава, воскресни го од мртвите!

Тој влегол во собата, во која медицинската сестра го подготвувала Џеф за во мртовечница и изненадено го прашала зошто гледа во мртвиот пациент. Д-р Крандал без да насети што ќе се случи, ги ставил рацете на телото на Џеф и се помолил за неговата душа. Потоа повикал друг лекар, барајќи од него со дефибрилатор да се обиде да го реанимира пациентот. Иако докторот бил скептичен, верувајќи дека тоа би било бесмислено бидејќи Џеф бил мртов повеќе од еден час, тој се согласил да ја изврши процедурата. А потоа, по струјниот удар, се случило нешто неверојатно - срцето на Џеф повторно почнало да чука!

Лекарите биле шокирани, а во собата владеела општа радост. Иако сите биле загрижени за можно оштетување на мозокот или срцето поради долгото неработење на срцето, Џеф, на изненадување на сите, целосно закрепнал без последици.

Овој настан го нарекуваат чудо, а како што истакнал и самиот д-р Кендал, значително влијаел на неговиот живот. Тој уште повеќе верувал во моќта на молитвата и верата. Денес, тој се моли за секој свој пациент.

Американка заработува 4 милиони долари месечно на сајт за возрасни: Христијанка сум и девица

Таа е најуспешната корисничка на OnlyFans, заработувајќи неверојатни 3,2 милиони фунти месечно - но Софи Рајн, 20-годишната девојка од Флорида, исто така е посветена христијанка и тврди дека сè уште е девица.

Оваа девојка заработила неверојатна сума пари за само една година на платформата за содржини за возрасни – сето тоа без никаков секс. „Јас сум девица. Сè уште сум девица, до ден-денес“, рече Софи на подкастот.

Покрај тоа, таа рече и дека е посветена христијанка. „Не правам ништо со никого на моите OnlyFans. Тоа сум само јас“, додаде таа. Софи може да се пофали со повеќе од девет милиони следбеници на TikTok, пет милиони на Instagram и три милиони на Snapchat.

Еден анонимен обожавател, маѓепсан од младата инфлуенсерка, потрошил дури 4,7 милиони долари на нејзината содржина во последните неколку месеци, за што добил јавна благодарност од интернет ѕвездата.

Во неодамнешниот подкаст со Камила Араухо, креаторката на содржини за возрасни отворено зборуваше за нејзината заработка. Камила праша: „Свесна си дека си главна ѕвезда на OnlyFans, нели? Само треба да знам, колку заработуваш месечно?“ На што Софи, малку колебливо, одговори: „Не сакам да ти го скршам срцето“.

Но, откако на водителката ѝ го дала телефонот на кој се прикажува нејзината заработка на OnlyFans, Камила, јасно шокирана, признала: „Мислам дека ќе се расплачам... Четири милиони долари? Четири милиони долари за еден месец?“

„400.000 долари во последната недела... И повеќе од тоа“, одговорила Софи. Камила потоа ги прашала обожавателите на Софи: „Како давате толку пари? Имате сопруги, деца, поранешни партнери, сметки. Дами, ако го гледате ова, проверете го телефонот на вашиот маж, бидејќи 4 милиони долари месечно. Ќе ја најдете таа врска во неговата историја на пребарување“, заклучила таа.

Иако Софи отсекогаш сакала да стане позната инфлуенсерка, не можела да замисли дека еден ден ќе заработи милиони на OnlyFans. Таа призна: „Сè уште чекам да се разбудам од сонот. Ништо од ова не ми е реално“.

Иако Софи заработува неверојатни суми пари, кога зборува за својата иднина, таа вели дека само „ја чека вистинската личност“ со која ќе го помине остатокот од животот. Иако нема проблем да ги плати сметките, кариерата не ѝ го олеснила пронаоѓањето на мажот од соништата.

Таа претходно изјави за Џем Прес дека нејзината работа ѝ го отежнува излегувањето и изразила фрустрација од додворувачите кои „сакаат да излегуваат со неа само поради нејзиното тело, а не поради тоа што е како личност“. Иако, според извештаите, Софи од Тампа пораснала на социјална помош, таа сега ги користела своите приходи за да им помогне на нејзините родители да ги платат долговите.

Таа гордо изјави: "Сега моите родители не мора да живеат од плата до плата. Тоа е сè што некогаш сакав да го правам и тоа е една од главните причини зошто го правам тоа што го работам. Ги гледав како се мачат додека растев. Погодивте, а тие не го заслужија тоа“.

Поради својата провокативна работа, Софи често се наоѓа на удар на интернет тролови. На платформата X, Софи му одговори на еден корисник кој напиша: „Ве молам, престанете да ги нарекувате проститутките „модели“. Ви благодариме“.

Но, се чини дека на Софи не ѝ пречат ваквите коментари на интернет, бидејќи таа одговори: „Можете да ме викате што сакате. Ќе се смеам на пат до банката“. Покрај соочувањето со скептиците, Софи мораше да ги предупреди обожавателите и за корумпирани поединци кои ги користат нејзините фотографии за да измамат наивни мажи.

„Сметам дека е крајно морничаво да гледам како моето тело или лице го користи некој друг. Луѓето се преправаат дека сум јас за да ги измамам наивните мажи и да вадам пари од нив“, ја откри својата загриженост во подкастот.

притисни ентер