Почувствувала нешто чудно во увото- докторот ѝ извлекол вистинско богатство (ВИДЕО) - Канал 5

Почувствувала нешто чудно во увото- докторот ѝ извлекол вистинско богатство (ВИДЕО)

Неименувана жителка на градот Ксиан во кинеската провинција Шанкси се појавил во локалната клиника и побарал медицинска помош.

Почувствувала нешто чудно во увото- докторот ѝ извлекол вистинско богатство (ВИДЕО)

Рекла дека почувствувала нешто „необично во увото“, па веднаш била прегледана од специјалист. Настанот се случил на 22 септември.

Само што вметнал мала камера во ушниот канал, докторот забележал мал пенлив камен?!

Жената објаснила дека се обидела да посегне по „туѓиот предмет“ со памук, но само ја влошила ситуацијата.

Медицинскиот експерт потоа земал пинцети и ѝ извадил, ни помалку ни повеќе, мал дијамант од увото!

Пациентката објаснила дека поседувала пар скапи обетки, а еден од дијамантите исчезнал на почетокот на месецот.

Таа верувала дека тој е изгубен и престанала да размислува за тоа.

„Фала му на Бога што дојдов во болница. Во спротивно, можев да бидам во сериозна неволја“, рекла таа.

Жената е особено благодарна на својата пријателка која ја убедила навреме да оди во болница. Таа ја истакнала важноста од вадењето на накитот пред спиење и ги советувала сите луѓе да го прават истото, објавија кинеските медиуми со ВИДЕО од интервенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли ново поскапување на парното и на струјата по нова година?

Ќе донесат ли новите барања на енергетските компании повисоки сметки за граѓаните? 

Ќе има ли ново поскапување на парното и на струјата по нова година?

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа од околу 98 проценти за пренос на електрична енергија, додека компаниите што произведуваат, дистрибуираат и снабдуваат со парно бараат промена на одобрените приходи и цената на топлинската енергија. Од РКЕ потврдуваат дека барањата се пристигнати и дека во тек е нивна анализа.

МЕПСО бара тарифата за пренос на струја да се зголеми од 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, што е раст од околу 98 проценти. Но, тоа не значи дека и крајните сметки за струја ќе бидат повисоки за истиот процент. Од МЕПСО побаравме да објаснат кои трошоци го наметнуваат бараното зголемување, но до почетокот на вестите не добивме одговор.

Неизвесна е и цената по која ЕСМ ќе ја понуди струјата за 2027 година. Од компанијата за Канал 5 велат дека сè уште ги анализираат трошоците и проекциите за производството. До крајот на октомври пресметките треба да бидат доставени до Владата, која ќе ја утврди регулираната цена со која ЕСМ ќе конкурира на тендерот на ЕВН Хоум за покривање до 70 проценти од потребите на универзалниот снабдувач. За преостанатите 30 проценти, ЕСМ дополнително ќе одлучи по која цена ќе ја понуди струјата.

Притисок врз трошоците има и кај парното. ЕСМ посочува дека цената на природниот гас е еден од клучните фактори за производството на топлинска енергија, во октомври цената на гасот на EEX(TTF) берзата пораснала за околу 60 проценти во однос на цената одобрена од РКЕ.

„Цената на природниот гас на eex(ttf) берзата порасна за околу 60% во однос на одобрената цена, прогнозираниот тренд на раст на цената на природниот гас за повеќе од 60% за оваа грејна сезона претставува значаен фактор што влијае врз трошоците за производство на топлинска енергија.“– ЕСМ.

РКЕ треба да ги анализира пријавените трошоци и да оцени кои се оправдани пред да ги утврди тарифите за топлинската енергија. Засега нема потврден процент на поскапување на парното, ниту конечна одлука за цената на струјата. Колкав товар ќе понесат домаќинствата, ќе зависи од одлуките што допрва треба да ги донесат надлежните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев

Поддршката за младите спортски таленти е инвестиција во иднината на македонскиот спорт.

Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех – златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), кое се одржа во полскиот град Бјелско-Бјала.

Џорлев го освои златото во категоријата до 63 килограми, во дисциплината борби, совладувајќи го во финалето Унгарецот Адам Баги со 4:1. Со овој триумф, тој стана првиот македонски светски шампион во карате во својата возрасна категорија, остварувајќи историски резултат за македонскиот спорт.

На средбата, министерот Ристовски ја истакна важноста на успехот на Џорлев и значењето на континуираната поддршка за младите спортски таленти.

„Успехот на Марко е гордост за Македонија и доказ дека со талент, посветеност и дисциплина се стигнува до светскиот врв. Наша обврска како Министерство за спорт е да создаваме услови за развој на младите спортисти и да им обезбедиме поддршка за да ги остварат своите потенцијали. Продолжуваме да инвестираме во спортските надежи, бидејќи тие се иднината на македонскиот спорт“ - истакна Ристовски.

Марко Џорлев е еден од стипендистите на Министерството за спорт во категоријата „Спортска надеж“, наменета за поддршка на талентираните млади спортисти. Светската титула е круна на неговата успешна натпреварувачка година, во која освои злато и на натпревар од Светската младинска лига во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Благодарение на постигнатите резултати, Џорлев се најде и на врвот на светската ранг-листа во својата категорија.

На Светското првенство во Полска, Македонија настапи со вкупно 31 каратист, предводени од селекторот Дејан Ристески.

Успехот на Џорлев е историски момент за македонското карате и потврда дека поддршката за младите спортисти е вложување во иднината и новите успеси на македонскиот спорт.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се нижат сведоштвата на семејствата измамени со лажните кубански вакцини

Кафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот.

Се нижат сведоштвата на семејствата измамени со лажните кубански вакцини

Кафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот на дел од семејствата кои сега тврдат дека биле жртва на измама од негова страна.

Се нижат сведоштвата на семејства кои се охрабрија да говорат за нивната, како што велат, средба со М.А. од Велес кој им нудел лек против канцер, за кој една доза наплаќал по 3200 евра. Наводно, ќерка на заболен од канцер успеала да сними и дел од конвезрацијата, за која тврди дека била со велешанецот, во неговиот автомобил.

После четвртата недела, значи, кај 5тата недела веќе ќе провериме крвни слики на него, комплет. ЦРП, АСТ, АЛТ, протеини, сето тоа, ќе провериме се, ќе видиме до кај сме, оти таа знае да реагира после четвратата недела, најчесто реагира, помеѓу четвртата и шестата(недела) почнува.. - Наводно снимка од М.А (Извор: Слободен Печат)

Постои црн пазар за лекови и вакцини во земјава, и постојат лица кои не поминуваат само со финансиска измама, туку и со последици по здравјето, порача министерот за здравство Сашо Клековски. Тој апелира до граѓаните да не посегнуваат по лекови кои не се лиценцирани, и по лекување надвор од здравствени установи.

-Јас знам дека кога се соочувате со тешка болест ги барате сите можни начини да стигнете до оздравување, меѓутоа тоа отвора простор за многу хохштаплери и криминалци. Така што, колку повеќе проверуваме од каде е потеклото, зошто е потеклото и да го користиме законска устанува, мислам дека е најдобра заштита од ваков тип на изјави,- - Сашо Клековски – Министер за здравство.

Велешанецот е добро познат на полицијата, и тоа ширум земјава, а покрај кривичната пријава која ја добил од жител на Кавадарци, има и кривична пријава од СВР Охрид за „Измама“ и „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ како претседател на здружението „Мобилност“ – Велес, кое е за лица со телесен инвалидитет.

На 20.03.2023 година, се стекнал со противправна корист од 600.000 денари на штета на М.Г од Охрид, доведувајќи го претходно во заблуда да аплицира во европски фондови за грант и проект Адреналински парк и дека доделените парични средства би се префрлиле на фирмата на М.Г. за да се изгради паркот во неговиот авто-камп во Охрид.

Канал 5 упати прашања и до обвинителството за тоа дали постои правен механизам по сведоштвата да се отвори истрага по допрен глас, или сепак жртвите ќе треба сами да пријават. Дополнително, откако излегоа бројни сведоштва, прашавме дали стравуваат од евентуално негово бегство. До подготовка на прилогот, одговорот не добивме, но од таму најавија дека се подготвува.

Во домот на велешанецот по пријавата на Димитров бил извршен претрес, по што му бил одземен мобилен телефон.

Канал 5 стапи вчера во контакт и со 47 годишниот со иницјали М.А. кој ги аплицирал вакцините, кој тврди дека ги набавувал од Белград, дека вакцината била автентична, и дека не вбризгувал физиолошки раствор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер