Почнуваат велигденските празнувања, денеска е Велики четврток - Канал 5

Почнуваат велигденските празнувања, денеска е Велики четврток

Почнуваат велигденските празнувања.

Почнуваат велигденските празнувања, денеска е Велики четврток

За христијанските верници денеска е Велики четврток, четвртиот ден од страдална седмица пред Велигден. На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца. Првото бојадисано јајце треба да е во црвено - се проценува дека бојата ја симболизира Христовата крв.

Со него според традицијата најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. По повод празникот, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан утринава богослужеше на Василиева литургија со вечерна во храмот „Свети Димитриј".

YouTube video

Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер, вели дека веќе знае кој ќе биде тој

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка. 

Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер, вели дека веќе знае кој ќе биде тој

- Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш, изјави Сиљановска-Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот Кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до Парламентот.

Како што пренесуваат дел од медиумите, како тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Мандатот на актуелната гувернерка завршува утре.

Лајен повика на решение за нови извори на приходи за буџетот на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска повика на постигнување решение за обезбедување нови извори на приходи за буџетот на Европската Унија.

Лајен повика на решение за нови извори на приходи за буџетот на ЕУ

ЕК претстави нацрт-закон и работи на дополнителни предлози, рече таа на настан во Брисел, посветен на европскиот буџет за 2028-2034 година.

- Крајно време е да постигнеме решение, треба да почнеме со отплата на подигнатите заеми. Знам дека преговорите ќе бидат тешки, додаде Фон дер Лајен.

Според неа, во следниот повеќегодишен буџет централно место ќе имаат економската кохезија и земјоделството.

- Сегашниот буџет беше направен за свет кој веќе не постои, во последните пет години постојано испробуваме што може да се постигне со него. Денес 90 отсто од трошоците се претходно распределени, предвидената флексибилност е под четири отсто. Тоа е премалку, бидејќи не знаеме што ќе се случи утре, појасни претседателката на ЕК.

Идниот буџет треба да овозможи брзи одговори, регионалните власти треба да учествуваат во изготвувањето на проектот, бидејќи потребите на терен се различни, дополни Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека почитувањето на владеењето на правото не подлежи на преговори и ќе остане услов за обезбедување европски средства.

Уставен ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик

 Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.

Уставен ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик

Законските одредби, за кои на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако станува збор за парламентарни избори) или општина (ако станува збор за локални избори).

Оспорен е процентот во членовите 17 и 18 од Изборниот законик. Со тие членови се наметна обврска на група избирачи да соберат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за кандидати за градоначалник или советници во општините или пак за пратеници во Собранието.

Со членот 17 е изменет членот 61 став 1 од Изборниот законик, па така ако претходно беа доволни 1.000 потписи за кандидатура, сега со оспорените измени, подносителите на листа за кандидати за пратеници од групата избирачи, добија обврска да соберат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица. Со членот 18, пак, изменет е член 62 став 1 од Изборниот законик, па сега групата избирачи треба да соберат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината или Градот Скопје.

Во предлог-рефератот судијата известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.

Подносители на иницијативата се Лилјана Поповска и други, како група граѓани, преку полномошник, адвокатската канцеларија Петрушева од Скопје.

Ваквите измени беа изгласани на 7 март 2024 година и требаше да важат за локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

притисни ентер