3Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
КултураПочнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица Со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите вечер во Струмица почнуваат осумдневните карневалски празнувања.Веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, кое годинава слави 30 години учество на карневалот. Утре ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“. В петок, на 24 февруари, ќе одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер ( 25 февруари 18,30 ч.). -И годинава имаме солидна бројка на пријавени од 41 учесници-групи, се разбира најголем дел се наши домашни учесници, а им се придружуваат и групни маски од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција и од повеќе градови во државата. И оваа година како гости ќе бидат присутни и претставници на FECC од неколку европски земји, изјави градоначалникот Костадин Костадинов на прес конференцијата минатата недела. Празникот Прочка ( 26 февруари, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките. На Чист Понеделник (27 февруари) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните. Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер. Карневалот завршува на 1 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМундијалска сензација преку Инстаграм си бара нов клубНајголемото изненадување на Светското првенство, голманот на Зеленортските острови 40 годишниот Возиња бара нов клуб преку Инстаграм. На 40-годишна возраст, Возиња блесна на Светското првенство и го сврте вниманието кон себе со фантастични одбрани. Во меѓувреме, тој стана најследениот голман на Инстаграм, а нема сомнеж дека ќе се зборува за неговите одбрани, особено оние против Шпанија и Аргентина. Познато е дека Возиња немаше клуб пред заминувањето на Светското првенство, а сега се дозна дека тој ја бараше следната дестинација каде што би можел да ја заврши кариерата. Тој преку Инстаграм стапи во контакт со Родни Страсер, поранешен играч на Милан, со намера овој да му помогне да ја најде својата следна дестинација. Возиња истакна дека би сакал да одигра уште една или две сезони и додаде дека се надева оти ќе добие понуда од второлигашки клуб од Турција или Италија. „Му реков да оди на Светското првенство и да го даде својот максимум. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на таков начин, а големата светска сцена е таква што, ако малку го привлечеш вниманието – некој ќе те забележи. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право“, рече Штрасер и додаде: „За мене, тој е најдобриот голман на Светското првенство, а сега е и најбараниот во светот. Поуката е едноставна – никогаш не се откажувај. Верувај во себе и бори се. Возраста, потеклото или твојата ситуација се неважни. Едноставно – животот може да ти се промени преку ноќ“, вели Штрасер, раскажувајќи интересна приказна и приложувајќи снимки од екранот што ја потврдуваат нејзината веродостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Шоу бизФото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракотСветскиот џет сет брачен пар, Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот, а по тој повод објавија серија заеднички фотографии на социјалните мрежи.И покрај сите проблеми и минати афери, Дејвид и Викторија Бекам ја слават својата 27-годишнина од бракот, иако никој можеби не го очекувал тоа порано. Многумина сè уште се сеќаваат на познатата афера со Ребека Лос, но Викторија не дозволи ништо да им го наруши бракот и мирот. Викторија призна дека тој период бил најтежок во нејзиниот живот, но тие успеале да ја надминат својата најголема криза. Последната работа што ги погодила бил конфликтот со нивниот син Бруклин, кој предизвикал голем скандал кога ги открил деталите за својот однос со родителите. Без разлика на се, денеска на годишнината се огласи на Инстаграм славниот екс фудбалер а сега сопственик на Мајами Интер, Дејвид се огласи за да ја одбележи годишнината и сподели серија фотографии. „Заедно 29 години, во брак 27, а ти ми даде сè што некогаш би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша Дејвид покрај објавата. Во коментарите, Викторија (52) одговори: „Среќна годишнина. Многу те сакам.“Тагови: Бекамови Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ФудбалНајголемиот трансфер во историјата на Тотенхем, потрошени 200 мин. за само двајца фудбалериПо катастрофалната сезона во која до самиот крај се бореа за опстанок во Премиер лигата, во Тотенхем свртеа нов лист. Роберто де Зерби пристигна на тренерската позиција кон крајот на претходната сезона, а раководството на клубот летово одлучи да ги исполни неговите желби во врска со играчкиот кадар – навистина е тенка линијата меѓу „скржави“ кои никогаш не трошат и реализација на најголемиот трансфер во историјата. По потврдувањето на трансферот на португалскиот фудбалер Матеуш Фернандез (21) за 99 милиони евра,од Тотенхем“ претставија уште едно големо засилување – еден од најдобрите италијански фудбалери . Поранешниот играч на Њукасл, Сандро Тонали, стана најскапиот Италијанец во историјата, но и најскапото засилување во историјата на Тотенхем, бидејќи за него мораа да платат 108 милиони евра! Двајцата играчи од средниот ред го чинеа лондонскиот тим вкупно 207 милиони евра, па очекувањата ќе бидат огромни. Тие ќе треба да донесат „свежа крв“ во тимот на Де Зерби, со оглед на тоа што централниот дел од средниот ред беше еден од најголемите проблеми во претходната, историски лоша сезона. Според информациите, Тотенхем го направи Сандро Тонали најплатениот фудбалер во тимот. Клубот мораше длабоко да посегне во касата за да ги обезбеди речиси 17-те милиони евра што италијанскиот играч за врска ќе ги заработува на годишно ниво. Ова е јасен сигнал дека лондонскиот тим сака да игра многу позначајна улога во Премиер лигата следната сезона. Покрај двајцата играчи за врска кои веќе потпишаа договор со Тотенхем, во клубот пристигна и дефанзивецот Јан Пол ван Хеке, за кого на Брајтон му беа исплатени 60 милиони евра. Тотенхем на истиот тим ќе му го продаде талентираниот хрватски фудбалер Лука Вушковиќ, но прашање е дали ќе успеат да добијат толку пари за него. Лондонскиот тим исто така потпиша договори со голманот Мартин Дубравка (поранешен член на Барнли), левиот бек Ендрју Робертсон (кој доаѓа од Ливерпул) и стоперот Маркос Сенеси (досегашен играч на Борнмут). Тројцата пристигнаа во Тотенхем без обештетување, а веројатно ќе има и дополнителни засилувања во клубот.Тагови: Премиер лигата Тотенхем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter