ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка
КултураПочнуваат „Есенски музички свечености“ Десет концерти се на програмата на годинашните Есенски музички свечености кои ќе почнат вечер и ќе завршат на 29 ноември, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.Креаторот на програмата, музичкиот продцент Симона Симоновска, на прес-конференција рече дека и оваа година Дирекцијата ја следи традицијата почната во 2000 година, да организира фестивал на класична музика во номеври, со нови и свежи идеи, со поддршка на млади уметници и на меѓународни проекти. - И оваа година избравме програма со која Скопје ќе се доближи до европските и светските центри, пред се преку камерната музика, како еден од врвните начини на претстатвување на уметниците, рече Симоновска. Отворањето на манифестацијата е вечер во Музеј на Град Скопје со концерот „222 Росини“ на гудачкиот квартет „Џовахино“, во состав; Шо Акаматсу од Јапонија, која е виолинистка во Загрепската филхармонија, Алина Губајдулина од Молдавија, исто така виолинстка во Загреб, виолончелистот Павле Савиќ од Белград и Диме Димовски-Илин од Македонија на контрабас. Квартетот, кој е формиран пред две години, ќе изведе сонати од Џоакино Росини по повод 222 години од раѓањето на италијанскиот композитор. Утревечер во Домот на АРМ ќе настапаи националниот ансамбл „Танец“ со вокално-инструментален концерт насловен „Бисер песна и оро“. - Четврти пат сме на Есенските музички свечености, а оваа година поради нашиот јубилеј 65 години ќе имаме две новини, рече директорот на „Танец“ Зоран Џорлев, најавувајќи ги „Стар бел дедо овци пасел“ - за голем оркестар, мешан хор и солисти, која не е изведувана речиси десет години, како и праизведба на старата народна тема „Ој ти Пацо, Дреновчанке“. На 6-ти и на 7 ноември во Културно-информативниот центар ќе се одржува „П.С. Гитар-фест“ - првата вечер со настап на македонскиот гитарист Бојан Ивановски кој доаѓа од Србија, а на втората вечер ќе гостува бразилскиот гитарист Даниел Маркез, кој ќе изведе од класични дела и џез, до латино и танго. Студентите по соло-пеење од Факултетот за музичка уметност на 10 ноември на својот факултет ќе изведат концерт насловен „Вечер на македонски компизитори“, а на 17 ноември во фоајето на Македонската опера и балет ќе настапи дувачкиот квинтет „Арт“ кој премиерно ќе изведе неколку дела на концертот „Една поинаква приказна“. На 19-ти и на 20 ноември во КИЦ (Салон 19,19) ќе се претстават гости од Бугарија и од Италија: првата вечер е концертот „Вонвременско патување“ на квартетот „Еолина“ од Бугарија, организиран во соработка со бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. На 20-ти ќе гостува италијанскиот виолончелист Антонио Мостачи, кој на концертот „Други денови, други очи“ ќе изведе дела од современи композитори, дела напишани за него, а меѓу нив и од македонски композитор (Бојана Петровиќ). Премиерни дела за кларинет од Јоханес Брамс ќе изведе „Македонски кларинет квинтет“ на концерт на 24 ноември во фоајето на МОБ. Есенските музички свечености ќе завршат на 29 ноември во МОБ со концерт во чест на флејтистот Илија Зимбо, на кој ќе учествуваат негови колеги и соработници од матичната куќа МОБ и од Сојузот на компизиторите на Македонија (СОКОМ). Организаторот соопшти дека влезот за посетителите е слободен со претходно обезбедени билети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта БанкаСе размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград. Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“. Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград. Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка? Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите? Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери. Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо. Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции. Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жителМакедонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна - Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител. Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки. Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала. Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година. Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост. Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. Пари во буџетот нема, но знаеме каде има - кај Мицкоски и неговата банда. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаОткриени милијарди во унгарските шуми, Маѓар со остра реакцијаВо Унгарија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имотВо Унграрија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имот. Пронајдените средства вклучуваат повеќе од 5 милијарди форинти, приближно 2,6 милиони евра и 1,2 милиони долари, вкупна вредност од околу 18,1 милион долари. Парите биле откриени по дводневна претрага во главниот град Будимпешта и во три унгарски окрузи. Националната канцеларија за повраток и заштита на имот, неодамна формирана од новата унгарска влада, има истражни и обвинителски овластувања за постапување по предмети што се однесуваат на злоупотреба на јавни средства и сомневања за корупција – појави за кои критичарите на Орбан тврдат дека биле широко распространети за време на неговото 16-годишно владеење. Заплената е дел од кривична постапка против поранешниот министер за национален развој, Миклош Шестак, кој ја извршуваше таа функција за време на мандатот на Орбан. Шестак е осомничен дека примил повеќе од 37,2 милиони долари во вид на мито и провизии, поврзани со набавка на возила за унгарската државна автобуска компанија, како и преку државни градежни проекти. Тој беше приведен од полицијата кон крајот на септември. Видеото објавено на Фејсбук од Националната канцеларија за повраток и заштита на имот прикажува истражители кои клечат покрај големи купишта готовина, како со лопати копаат во земјата, ноќе, на локација што наликува на шума. This officially marks the end of the Fidesz-KDNP mafia! More than 6 billion forints’ worth of cash, buried or otherwise concealed, was found and seized yesterday and today by the National Asset Recovery and Protection Office (NVVH) as part of the criminal investigation into Miklós Seszták, a former minister in @PM_ViktorOrban's government. Here is the full statement of the NVVH: "On 12 and 13 November 2026, the National Asset Recovery and Protection Office carried out coordinated investigative operations at several locations across the country, including Budapest and Pest, Békés and Nógrád counties, as part of the criminal proceedings against Dr Miklós Seszták, former Minister of National Development. During the searches, investigators found large quantities of cash buried in forests, hidden in agricultural and warehouse buildings and in a residential property, as well as stored in a high-value safe at a hidden location. The total amount of cash recovered during the two-day operation was 5,071,632,000 forints, 2,658,350 euros and 1,257,100 US dollars. The cash was deposited with the Hungarian State Treasury by NVVH personnel today. The NVVH would like to thank the officers of the Criminal Technical Department of the National Bureau of Investigation and the Rapid Response Police for their assistance during the investigative operations, as well as the National Tax and Customs Administration and the Hungarian State Treasury for their cooperation." — Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) November 13, 2026 Унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој вети дека ќе бара одговорност за наводна корупција за време на владеењето на Орбан и дека ќе ги врати проневерените јавни средства, изјави дека 12 вработени во Унгарската државна каса поминале осум часа броејќи ги пронајдените пари, користејќи пет машини за броење готовина. Тој истакна дека ова откритие „официјално го означува крајот на мафијата на Фидес-КДНП“, мислејќи на поранешната владејачка коалиција на Орбан. – Од денес, Виктор Орбан е докажан мафијашки бос. Паднат мафијашки бос. А Фидес е криминална организација, напиша Маѓар. Ова откритие е најновиот развој на настаните во напорите на владата да се справи со наводните злоупотреби извршени за време на мандатот на Орбан. Во понеделникот беше приведен и братот на Орбан, како дел од истрага за сомневања за трговија со луѓе и тргување со влијание. И неколку други функционери од ерата на Орбан, вклучително и поранешен гувернер на Централната банка, исто така се наоѓаат во полициски притвор поради сомневања за измама и корупција. Минатиот месец, Централното истражно обвинителство соопшти дека притворањето на гувернерот на Централната банка, Ѓерѓ Матолчи, е поврзано со наводна злоупотреба на фондација на Централната банка, која располагала со јавни средства во вредност од 288 милијарди форинти (817,8 милиони долари). Виктор Орбан, чија крајно десничарска партија „Фидес“ загуби од унгарската партија од десниот центар со проевропска ориентација, „ТИСА“, на одлучувачките избори во април, ги осуди истрагите и притворите, нарекувајќи ги форма на политичка „тиранија“ чија цел е тој целосно да се отстрани од политичката сцена.Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter