ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
1Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
КултураПочнуваат 37. Денови на македонската музикаСо концертот „Concertissimo“ на Македонската филхармонија под водство на диригентот од Швајцарија Томас Херцог, вечер во Македонската опера и балет ќе почнат 37. Денови на македонската музика. На програмата се четири концертни дела за пијано и оркестар од Александар Џамбазов, Гоце Коларовски, Панде Шахов и Фатос Лумани, во изведба на македонски пијанисти од неколку генерации - Дино Имери, Елена Мисиркова, Хајди Елзесер и Шкељзен Бафтијари. Годинава ДММ ќе траат до 14 април и ќе опфатат над 70 изведби, избрани од уметничкиот совет на СОКОМ (Сојузот на композиторите на Македонија), кој ја организира манифестацијата. По вечерашното свечено отворање, ДММ ќе продолжат со концерти на домашни и странски изведувачи: Ансамблот за современа музика на Државната филхармонија Свердловск, Русија (4 април), Ансамблот на перкусии од Фрајбург, Германија (7 април), студентите од Факултетот за музичка уметност (9 април), Концерт „Made in Macedonia“ (11 април), вокален концерт „Cantatissimo“ (12 април), концерт „Млади композитори“ (13 април) и концерт на Дувачкиот оркестар на АРМ, со кој на 14 април ќе завршат 37-мите ДММ. Во рамки на Деновите на македонската музика, првпат оваа година ќе се одржува и првиот Фестивал на медиумски уметности „Звучна имерзија“, со програма конципирана од проф. Роберт Саздов. Ќе бидат презентирани електронски и електронско-акустични дела од домашни и странски композитори. Авторите се од Австралија, Англија, САД, Аргентина, Канада, Чиле, Холнадија, Србија и Македонија, а ќе бидат изведени делата на композитори победници на меѓународни натпревари на овој музички правец. Фестивалот „Звучна имерзија“ ќе биде отворен утре во 18 часот во Музејот на македонската борба, со изведба на делото „Елеорп ’76“ од Драгослав Ортаков, кое се смета за прва електронска композиција во Македонија. Овој фестивал ќе трае во деновите на викендот (5-ти и 6 април), а на неговата програма е и премиерата „Macedonian AirDrumming“. Деновите на македонската музика ќе бидат затворени на 14 април во Македонската опера и балет, кога ќе бидат доделени и наградите на СОКОМ за 2013 година. Наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело му се доделува на музикологот и композитор д-р Јане Коџабашија, наградата „Панче Пешев“ за најдобро премиерно изведено дело ќе ја добие композиторот Љубомир Бранѓолица за балетот „Александар III Македонски“, кој беше премиерно изведен токму на ДММ, а наградата „Георги Божиков“ за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори ќе има три добитници: диригентот Сашо Татарчевски (за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2013-та), Македонската опера и балет (за премиерата на балетот „Александар III Македонски“) и Камерниот ансамбл од Австрија „Ensemble Reconsil Vienna“ (за континуирана изведба на македонски композитори во 2013 година). Покровители на фестивалот Денови на македонската музика се претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и Министерството за култура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен. Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира. Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба. Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Ангел на ВС како „подарок“Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“. По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања. Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе. За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37