ЗабаваПочнува „Вино Скоп 2017“На плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ утре почнува фестивалот на виното „Вино Скоп 2017“ на кој ќе се претстават десетина македонски винарии на чии штандови посетителите по промотивни цени ќе можат да дегустираат повеќе видови вина и македонски деликатеси. - Град Скопје преку фестивалот на виното – Вино Скоп, сака да ги поддржи и промовира македонските производители на вина, да го презентира долгогодишното производство на вино, нашето културно наследство и традиција и развој на квалитетниот вински туризам, преку дегустација на вино и храна од нашето поднебје. Посетителите на годинешниов Вино Скоп ќе имаат можност да дегустираат повеќе видови вина по промотивни цени, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино, проследено со богата културно-уметничка прогама, рече Слободан Ќосев од Секторот за Локален економски развој на Град Скопје на денешната прес-конференција. За реализација на овој фестивал на виното, додаде, Градот Скопје од буџетот издвои 700.000 денари. Даниел Шилев од името на организаторот „Темов“, најави богата музичка програма со настапи на Караванија, Калевала-бенд, Викторија Лоба, Ај Кју, Нокаут, ДЈ Александар Јорданов, Поп Арт Бенд, Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, Чил Плеј, Миле Кузмановски, дуото Куку Леле, етнобендот Баклава. Годинава е предвидено и викенд матине кое ќе почнува на пладне во сабота и во недела, а присутните ќе ги забавуваат познати тамбураши и чалгии. Во четврток и в петок, ќе има „ афтерворк“ забави со рок, блуз и џез бендови. Вечерните забави ќе започнуваат во 21 часот, додека пак дневните во четврток и во петок од 17 часот, а во сабота и во недела во 12 часот. Како и секоја година влезот е бесплатен, а манифестацијата ќе трае до недела. Фестивалот за промоција на вино „Вино Скоп", кој годинава ќе се одржи по 11 пат, традиционално го организира Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Друштвото за угостителство, трговија и услуги Темов фшт Доо-Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе огласи Албанија по наводите дека учествувала во нападот на руски бродови покрај брегот на Либија Албанските власти негираа каква било вмешаност во нападот со поморски беспилотни летала врз руски бродови покрај брегот на Либија и ги отфрлија извештаите дека нападот бил извршен од нејзина територија.Во соопштение објавено на социјалната мрежа X, албанското Министерство за надворешни работи изјави дека извештаите се неточни и не ја одразуваат реалната состојба. „Албанија не била вклучена во овој инцидент, а нејзината територија не била користена или ставена на располагање за започнување или олеснување на таков напад“, се вели во соопштението, додавајќи: „Категорично ги отфрламе овие тврдења, изнесени без проверливи докази“, соопшти Тирана. We have taken note of reports alleging that the naval drone attack against a Russian corvette originated from Albanian territory. The reports in question are inaccurate and do not reflect the facts. Albania was not involved in this incident, and its territory was neither used nor made available for the launch or facilitation of such an attack. We categorically reject these allegations, which have been presented without verifiable evidence. We call on those responsible for disseminating them to correct the record and to exercise accuracy, due diligence and responsibility when reporting on matters of such sensitivity. — Albanian MEFA 🇦🇱 (@AlbanianDiplo) November 23, 2026 Министерството, исто така, ги повика оние што шират вакви тврдења да издадат корекции и да дејствуваат точно, со должно внимание и одговорност кога известуваат за чувствителни прашања. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди претходно денес дека руски воен брод бил потонат вчера во напад на украински беспилотни летала во либиско пристаниште. Експлозијата на бродот во поморската база во Бенгази се случила додека се прикотвувал за да наполни гориво и други залихи пред да се врати во Русија, соопшти владата што ја контролира источна Либија. Зеленски додаде дека втор руски брод, товарен брод за кој се вели дека се користел за транспорт на оружје, исто така бил погоден во украинскиот напад. Кремљ предупреди на „ескалација на тензиите во регионот“ по нападот. Зеленски ја пофали „примерната украинска операција како одговор на војната на Русија“. Тој рече дека седум поморски дронови биле користени за напад и потопување на корветата Меркури, еден од најновите руски бродови. Тој додаде дека другиот погоден брод бил МВ Ангара, руски контејнерски брод.Тагови: Албанија Либија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛегендарниот автомобил на Бетмен денеска се продава на аукција, се очекува милионска сума (ВИДЕО)Еден од најзначајните автомобили во историјата на филмот наскоро би можел да има нов сопственик. Оригиналниот Бетмобил од филмот „Бетмен се враќа“ од 1992 година е на аукција, со проценета вредност помеѓу 5 и 7 милиони долари. Но, дури и купувач кој е спремен да издвои толку пари нема да може да го вози бесплатно. Автомобилот е користен за време на снимањето на филмот на Тим Бартон, во кој Мајкл Китон го играше Бетмен. Тоа е една од трите специјално изработени копии, познати како „Автомобил број еден херој“, кои се појавија во повеќето сцени на возење. Бетмобилот е долг речиси шест метри, има препознатливи задни крила и оригинален V8 мотор од Шевролет. Зачуван е и издувниот систем на автомобилот што испушта пламен, користен во една од сцените со помошниците на Пингвинот. Автомобилот е изложен во Музејот на автомобили Маркони во Калифорнија со години и ја задржува својата оригинална боја и голем дел од опремата од снимањето. Сепак, постои сериозно ограничување за идниот сопственик. Бетмобилот нема лиценца за употреба на јавни патишта, а договорот со „Ворнер Брос“ предвидува дека за одредени јавни прикази мора да се добие посебна дозвола. За време на вакви настани, автомобилот мора да остане паркиран. Аукцијата, одржана од аукциската куќа „Џулиенс“ во Калифорнија на 23 ноември 2013 година. Доколку Бетмобилот ја достигне очекуваната цена, би можел да го сруши рекордот што го држеше копија од телевизиската серија „Бетмен“ од 1960-тите, која беше продадена во 2013 година за приближно 4,6 милиони долари.Тагови: аукција Бетмен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТОГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли барањата на Украина за приклучување кон трансатлантската алијанса во овој момент.Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членките на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“. „На НАТО е да одлучи кој може да стане членка на НАТО“, рече Руте. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО. Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од договорот за НАТО. Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а Одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.Тагови: Володимир Зеленски Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook