Почнува вакцинацијата со новите вакцини за Рота вирус и Пневмокок - Канал 5

Почнува вакцинацијата со новите вакцини за Рота вирус и Пневмокок

Денеска почнува вакцинацијата кај децата со две нови вакцини – вакцина против Рота-вирусот и Пневмококна вакцина, што министерот за здравство ги најави пред неколку месеци.

Почнува вакцинацијата со новите вакцини за Рота вирус и Пневмокок

Од министерството велат дека со вакцината против Рота-вирусот се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле, односно 9 од 10 деца.

Вакцинацијата се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.

Од министерството истакнаа дека повеќето бебиња кои примиле ротавирусна вакцина немаат несакани ефекти од вакцината, а милиони бебиња од 94 земји во светот безбедно ја имаат примено оваа вакцина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење.

Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки.

Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил.

Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана.

Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција.

Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Сериозна држава со празен фрижидер и нов авион

Третата економија во Европа нема за плата, има за авион.

СДСМ: Сериозна држава со празен фрижидер и нов авион

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава.

Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени.

Купувањето чека.

Сериозна држава, според нив, не се мери со чешма, со болница и со плата. Се мери со нов авион.

Мицкоски сега сакаат нов авион.

Затоа што шест седишта од 2024 им се тесни.

Затоа што седиштето 11Д повторно ја отвори темата. Затоа што со саат од 65.000 евра не оди половен авион. Оди нов. И затоа што Вучиќ има нов, а Мицкоски не може на екскурзија да се срами со помал и постар.

Минималната плата нека почека. Потрошувачката кошница нека почека. Дизелот од 100 денари нека почека. Земјоделецот со срамни 40 денари за пиперка нека почека. Анализите за водата во Гостивар нека почекаат. ПЕТ-скенерот нека почека.

Авионот не може да чека.

Тоа се најбрзо растечките плати. Тоа е најповолната кошница. Тоа е трета економија во Европа.

Колената ги болеле од клечење, па сега мора летаат.

За ЕУ, велат, за инвеститори (а инвестициите намалени за повеќе од 60%), за да не се губи време на редовни линии.

Време имаа за одмор додека Гостивар се труеше. Време немаат да седат во економска класа.

Сериозна држава прво ја објавува водата и ја обезбедува за сите граѓани, ја плаќа минималната плата од 600 евра, го поправа ПЕЅ скенерот и не слави додека 5.000 луѓе биле во болница.

Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните

Пари за авион има. За живот нема. Тоа е целата програма.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдињо се враќа во фудбалот, ќе игра во италијанската трета лига

-Во форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол!

Роналдињо се враќа во фудбалот, ќе игра во италијанската трета лига

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, легендарниот Бразилец Роналдињо се врати во професионалниот фудбал на 46-годишна возраст и официјално потпиша за Равена, член на италијанската Серија Ц.

Италијанскиот клуб подготви свечено претставување за освојувачот на „Златната топка“ од 2005 година и светски шампион со Бразил од 2002 година.

Во таа пригода, Роналдињо изјави дека сака да му помогне на тимот, но и дека се надева на јубилеј – својот 300-ти гол во кариерата. „Сакам да ги инспирирам и да ги мотивирам другите фудбалери за да имаме спектакуларна сезона и, доколку е можно, да победуваме. Токму затоа дојдов овде“, изјави Роналдињо на италијански јазик за време на промоцијата.

Иако својот последен официјален натпревар го одигра во 2015 година во дресот на Флуминенсе, поранешниот најдобар играч во светот нагласува дека е подготвен за предизвици.

„Дали ќе ме видите на теренот? Не знам, тоа го знае само тренерот. Во добра форма сум и сонувам да го постигнам својот 300-ти гол. Ако тоа се случи, ќе биде уште подобро, нели?“.

Поранешниот ас на Барселона и Милан истакна дека пристигнал во Равена првенствено поради блиските односи со луѓето од клубот. „Многу ми е мило што сум овде со пријателите, но ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите со тимот. Дојдов поради пријателството што го имаме и тоа е сè. Ќе видиме како ќе напредува тимот. Тука сум за да помогнам.“

Во текот на денот, Бразилецот пристигна на аеродромот во Форли (регионот Емилија-Ромања), каде што веднаш се вклучи во клупските активности по повод почетокот на новата сезона.

Неговиот ангажман првенствено е дел од комерцијалната стратегија на Равена, со цел да се зголеми меѓународната видливост и да се зајакне брендот.

Сепак, планирано е Роналдињо да одигра барем еден официјален натпревар во текот на сезоната. „Нека започне магијата!“ Клубот сè уште официјално не објави кога Бразилецот би можел да дебитира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер