ЗдравјеПочнува вакцинацијата против сезонски грип - пријавени над 32.000 граѓаниНа 36 локации во земјава, денеска почна вакцинацијата против сезонски грип. Пријавени се над 32.000 граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспортаЌе најдат ли власта и опозицијата заедничка јазик за околу гласањето на дијаспората?Во овие моменти во Собранието во тек со состанок со цел да се најде заедничка јазик меѓу партиите за ова прашање. Пред законодавниот дом, таму е Афродита Рамос. Афродита дали имаме ли информации за тоа како тече состанокот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаКими Антонели најбрз на Силверстоун! Андреа Кими Антонели е победник на спринт-трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун во Англија.Спектакл на легендарната патека Силверстоун, на спринт-трката нова победа на Кими Антонели во 2026 година. Младиот возач на Мерцедес триумфираше пред Луис Хамилтон од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. Луис Хамилтон ја започна трката брилијантно и по феноменалниот старт успеа да го заобиколи Кими Антонели и да ја заземе првата позиција. Екс светксиот шампион беше лидер на трката се до осмиот круг, кога младиот Кими го престигна Хамилтон без поголеми проблеми и го презеде водството во спринт-трката, со што стана јасно дека Ферари не е доволно добар за да се натпреварува со Мерцедес. Немаше значителни промени до крајот на трката, а Кими Антонели славеше пред Хамилтон и Норис, додека зад нив се пласираа Џорџ Расел, па Леклер, Верстапен, Пјастри, Лосон и Хаџар, а Линдблад заврши на десеттото место. Во шампионатот, Антонели сè уште е лидер со 179 бода, а зад него се Џорџ Расел со 136 и Луис Хамилтон со 132 бода.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиев ги осуди како неприфатливи навредите на БНТ кон Канал 5Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант,.Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант, кажа на вчерашната „Само вистина“ претседателот на Друштвото за македонско-бугарско пријателство Митко Ѓоргиев Ваквиот негов став доаѓа по низата оркестрираните напади во бугарската јавност дека Канал 5 била антибугарска телевизија, а во кои се вклучи и бугарската национална телевизија од каде тврдеа дека Бугарниот од Македонија Драги Каров бил осуден за говор на омрза по желба на Канал 5 и дека било побарано од јутуб да се отстрани бугарски поткаст насловен коридор 8. За ваквите тези Канал 5 во повеќе направи упати демант до БНТ, кој досега не е објавен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook