МакедонијаПочнува учебната година – 245 илјади основци и средношколци влегуваат во училиштатаОткако одекна првото училишно ѕвоно и го озчани почетокот на новата учебна година – 245 илјади основци и средношколци повтоно ги исполнија училниците со детскиот џагор. Над 17 илјади првачиња денеска прв пат седнаа во училишните клупи, збунети но и возбудени, во школските дворови и холови ги пречекаа наставничките и поголемите ученици кои ги поздравија со песна и приредба во нивна чест. Полни со ентузијазам за учење, пишување и цртање, велат едвај чекале да бидат првачиња. „Сакам најмногу да читам. Сега ќе ја учам аззбуката ама А ја знам.“ „Ќе биде малку тешко за да пишавам ама сакам.“ „Ништо не знам. Сакам само да цртам.“ Дел од родителите пак повозбудени од дечињата – со порака за среќен почетокот на новата учебна година ги снимаа и фотографираа со своите првачиња а потоа ги испратија на првиот училишен час. А во школските дворови беа и бабите и дедовците, некој дури и од страснство допатувале да ги испратат своите внучиња во прво одделение. „Истата возуда што ја чувствува он ја чувствувам и јас како родител со тоа што оставаме се да биде спонтано тоа што треба допрва да се купи во однос на тетратки моливчиња итн остануваме по препораките на учителката.“ „Цела недела е возбудена за во училишти да оди, едвај чекаше да дојде во училиште да тргне. Ние дојдовме специјално за оваа пригода.“ На првиот училишен ден во ОУ Кирил Пејчиновиќ во Кисела Вода успешно ново поглавје на првачињата им посакаа премиерот Мицкоски и министерката за образование Јаневска, кој најавија низа новини во образвниот процес, меѓу кои нов електронски денвеник, формално образование за ученици кои подолг период се на болничко лекување, нови програми, и уверија дека со новиот закон за учебници целосно било затоврено ова прашање и повеќе истите нема да доцнат. „Можеби за прв пат после 7 години учениците ги имаат пред себе учебниците, нешто што е многу важно нешто што во минатото изостануваше, да им се извинам и на родителите што можеби пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете а сега после толку години зборуваме за учебник за секое дете што верувам дека преку новата дисциплина вештачката интелегнција ќе можеме да зборуваме за предивизците.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада „На наставниците им посакувам својата работа да ја работат со љубов енергично искрено и одговорно кон децата... на првачињата им посакуваме да стекнуваат многу многу знаење зошто знаењето е најголемо богатство кое можете да го стекнете во животот.... во овој момент во сегашноста ја градиме иднината на нашата татковина овие деца пред нас ќе ја превземтат нашата одговорност.“- Весна Јаневска – министерка за образование и наука Во општина Центар, пак претседателот на СДСМ ВенкоФилипче и градоначалникот Горан Герасимовски во основното училиште Киро Глигоров им поскаа успешна учебна година пред се на првачињата но и на сите останати ученици, наставници и родители... „Посакувам успешна учебна година, мирна, мирни денови на учениците да стекнат нови знаења им поскаувам трпение и многу поддршка да дадат на дечињата... вложувавме во образованието, над 80% реконструирани, значајна инвестиција во платите на наставниците. “-Венко Филипче – претседател на СДСМ „На сите наши ученици ред се на прво одделенчињата да им поскапам ушешна учебна година, да другаруваат стекнваат нови знаења да си помагаат. “-Горан Герасимовски – градоначалник на О.Центар Надлежните уверуваат дека годинава е зголемен и бројот на образвони асистенти во основното образование, а за сите кои имаат потреба за прв пат годинава се воведува и образовна асистенција во средно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Кина ќе се одлучува за крајот на војната Украина - Русија?!Во Абу Даби завршија преговорите меѓу Русија, Украина и САД – прва ваква дипломатска средба по речиси девет месеци. Како што се очекуваше, не беше постигнат конечен мировен договор, ниту пак беше запрена војната. Сепак, започнати се одредени клучни процеси што би можеле целосно да ја прекројат безбедносната карта на Европа, како и самата динамика на војната во Украина. Вториот ден, разговорите зад затворени врати траеја околу два часа. Како што потврди главниот американски преговарач, Џаред Кушнер, најголемите спорови се воделе околу исклучително чувствителни територијални прашања. Уште пред почетокот на средбата, Русите – со помош на пратениците на Трамп – промовираа предлог за промена на административните граници, со цел, барем на хартија, да ја остварат својата зацртана цел: заземање на целиот регион Донбас. Киев категорично ги отфрли ваквите идеи, повторувајќи дека немаат намера да ја повлечат војската зад границите на Доњецката област, која Украина сè уште делумно ја контролира. Бидејќи не успеаја да постигнат договор за територијата, единствениот конкретен резултат од оваа средба остана големата размена на затвореници. Според изјавите на руските и украинските претставници, тоа ќе биде најголемата размена од почетокот на војната. Зеленски и неговото политичко раководство сега се наоѓаат во крајно незавидна ситуација. Официјален Киев строго инсистира на одреден редослед на потези: прво бараат целосен прекин на огнот, потоа јасни безбедносни гаранции, па дури потоа преговори за поширок воено-безбедносен договор. Истовремено, украинските генерали не се откажуваат од барањето војската да остане оперативна и силна. Бидејќи стана сосема јасно дека западните сојузници сè уште не се подготвени да ја примат Украина во НАТО, Киев излегува со ново барање. Тие бараат долгорочна финансиска поддршка во траење од најмалку десет години, за да можат да одржуваат војска од неверојатни 800 до 900 илјади војници. Во Киев сметаат дека само толку моќна воена сила би можела ефикасно да ги одврати Русите од нова инвазија. И самото украинско општество почна да ги менува позициите кога станува збор за војната и мирот. До неодамна, секое спомнување на компромис со Москва автоматски се прогласуваше за чиста капитулација. Денес, сепак, Украинците сè поотворено предупредуваат во јавноста за опасноста од целосен економски колапс. Се разбира, порадикалната опозиција и дел од здруженијата продолжуваат остро да ја напаѓаат владата штом некој само ќе ги спомне преговорите со Русите. Поделбата се чувствува и во самата војска. Од друга страна, Русите пристигнаа во Абу Даби со амбициозен план кој оди многу подалеку од самото решавање на војната во Украина. Москва се стреми кон изградба на целосно нова безбедносна архитектура. Со цел да ги принуди Киев и Западот на отстапки, Русија намерно ја уништува украинската енергетска мрежа среде зима, ставајќи ги Украинците во уште понеповолна преговарачка позиција. Особено е интересно како Москва грчевито инсистираше Европа да биде исклучена од преговорите. Имено, Русите сакаат САД да останат единствениот легитимен канал преку кој ќе преговараат за поделбата на сферите на влијание. Европските дипломати во Абу Даби буквално седеа на „резервната клупа“ и учествуваа исклучиво на споредни состаноци. Понатамошните потези ќе зависат од Москва, при што Европа – веројатно со одредени отстапки што ќе мора да се побараат од Вашингтон – сепак ќе остане само обичен набљудувач. Во пракса, тоа значи дека Вашингтон и Москва ќе ја кројат картата на Европа и ќе одлучуваат каде ќе биде стационирана војската, додека на европските лидери ќе им остане само да стават потпис. Русите одлично ја согледуваат ранливоста на европската заедница, па затоа намерно ја заобиколуваат Западна Европа и сакаат да ги наметнат своите услови преку директен договор со САД. Сериозноста на руската позиција – како и степенот до кој светската карта навистина се прекројува – најдобро се илустрира со фактот дека Пекинг официјално потврди оти се водат разговори за историска средба меѓу Доналд Трамп, Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг. Се очекува овој трилатерален самит да се одржи на маргините на состанокот на лидерите на АПЕК во Шенжен, Кина, на 18 и 19 ноември. Русите веќе навестија дека, за време на престојот во Кина, Путин и Трамп имаат намера да разговараат за мировен договор за Украина – маса на која не е поканет апсолутно никој од Европа или од Киев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРазоткриена мрежа за шверц на кокаин во ЕвропаВо Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен. Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога. Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија. Во Белгија откриени 750 килограми кокаин Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија. Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни. Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: Европа кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски. Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани. „Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter