Почнува транспортот на повредените во автобуската несреќа

 Почнува враќањето во земјава на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма" во Бугарија.

Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов" ќе бидат отпуштени денеска, уште двајца утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Повредените се во добра и стабилна здравствена состојба.

Повредениот српски државјанин, како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство. Повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување.

За преносот на посмртните останки, акциски план треба да изготви Работната група што ја формира Владата и на чие чело е токму Османи. Владата ги презема сите трошоци за транспортот и погребот на жртвите.

– Нашите очекувања се наредната недела, штом заврши идентификацијата, може да се очекува вторник или среда, со можност да се помести тој ден додека не се комплтеира идентификацијата. МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки. Имавме средба со повеќе компании кои ќе бидат ангажирани околу тоа, а наредните денови планираме средба и со семејствата за да ги испочитуваме нивните барања за предавање на телата, рече Османи.

При дополнителениот увид што вчера го извршија истражители од бугарската Национална истражна служба во опожарениот автобус на „Беса транс" на автопатот „Струма" е пронајдено уште едно тело на дете. Со ова, бројката на пронајдени тела во автобусот се искачи на 45.

Портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева на прес-конференција во четвртокот изјави дека на местото на несреќата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица.

Од софиската Брза помош се децидни дека од местото на несреќата во софиската болница „Пирогов" биле пренесени седуммина повредени патници.

Дилемата за „осмиот патник" се разреши откако од Софија беше потврдено дека едно лице, бугарски државјанин, по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата. Тој се обратил до редакцијата на „24 Часа", објаснувајќи дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма". Кажал дека е државјанин на Бугарија и дека во саботата бил примен на Одделот за трауматологија на Ургентната болница „Пирогов" во Софија, поради скршеница на раката.

Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс", излегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа", додавајќи дека тој веќе е отпуштен од болницата.

Претставници на Јавното обвинителство на Бугарија се во земјава и денеска во Јавното обвинителство на РСМ ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс" и податоци од Министерството за транспорт и врски.

На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата, како што информира вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, ќе присуствуваат и двајца претставници од Судска медицина, единствено, како што рече „со цел да се забрза постапката".

Обвинителот Јовески вели дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело, затоа што од сликите се гледа дека автобусот е многу оштетен.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во однос на најновите информации кои стигнале до МВР од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, информира дека е обезбеден биолошки материјал од роднини на 44 патници, а добиените ДНК профили се предадени во нашето обвинителство. Овој материјал ќе биде предаден на надлежните служби во Бугарија, кои ќе прават поврзувања по роднински врски со пронајдените останки, а биолошки материјал за 45-тиот патник е обезбеден во Софија.

Спасовски информира дека автобусот на „Беса транс" бил технички исправен и со важност на регистрација до 13 октомври 2022. Последниот технички преглед бил направен на 5-ти минатиот месец. Се осврна и на деталите во врска со несреќата. Рече дека на 23 ноември 2021 година тим на МВР присуствувал на самото место на сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А-3, делница Софија – Дупница во Република Бугарија.

– Во несреќата учествуваше автобус марка „Меrcedes Benz" со регистарски број SK 0284 BA, сопственост на правното лице „Беса транс" со седиште во село Рашче, Општина Сарај. Она што го дозна тимот на местото на несреќата е дека предметниот автобус, кој се движел на релација од Турција кон Северна Македонија, на местото викано Кулата' на автопатот А3, удрил во банкината и еластичната ограда од десната страна која го раздвојува постојното одморалиште покрај автопатот, при што возачот изгубил контрола на возилото и притоа дошло до самозапалување на надворешниот дел од автобусот, а потоа и до удар во средишната разделна еластична одбојна ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото, посочи Спасовски.

Увидот на самото место го водел надлежен обвинител од Националната служба за истраги од Бугарија и лиценцирани вештаци ангажирани, исто така, од обвинителот, додека обезбедувањето на самото место на случената сообраќајна незгода се вршело од страна на сообраќајна полиција од Националната полиција на Бугарија.

По вчерашниот безуспешен обид на инспекторите да извршат вонредна контрола во компанијата, министерот Спасовски на прес-конференција потврди дека се вршат претреси не само во просториите на „Беса Транс", туку и на други локации со цел да се обезбедат доказни материјали.

„Беса транс", сепак, имала истечена лиценца за линиски превоз и користела изводи од други возила.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера попладне на прес-конференција соопшти дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК0284 БА не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството, не поседувал извод од лиценца за автобусот, а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус.

Според Бочварски, превозникот „Беса транс" поседувал две лиценци за работа: лиценца за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај со број 00701 за која е донесено решение да му биде одземена поради злоупотреба и лиценца за линиски превоз на патници во внатрешниот сообраќај со број 8528 која е истечена во октомври 2021 година, односно е неважечка.

Овие лиценци, нагласи Бочварски, се однесуваат на правното лице „Беса транс БТБ" како фирма, а не на превозни средства.

– Во однос на поседување на изводите од лиценци за автобуси за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај, превозникот „Беса Транс БТБ", поседувал изводи од лиценци за четири автобуси, истакна Бочварски.

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, објасни министерот, превозникот може да почне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило. Превозникот ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за опожарениот автобус и поради тоа не е евидентиран во единствената база на податоци.

– Друга работа што е многу важна, а со која се шпекулира во јавноста е начинот како превозникот Беса Транс БТБ ја минувал границата. Изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс БТБ, потенцира Бочварски.

Тоа, дополни, јасно упатува дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило, а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

По барање на Обвинителството, Министерството за транспорт веќе ја предало целосната документација за превозникот „Беса Транс БТБ" и во наредниот период ќе постапува според барањата и потребите на Обвинителството.

– Превозникот има право на жалба, но жалбата не го одлага решението што значи дека тој има обврска да ја депонира лиценцата и изводите од лиценци назад во Министерството, дециден е Бочварски.

Според правилата на Европската унија, доколку автобусот на Беса Транс немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија.

Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, според информациите што ги доби МИА, не е исклучено тие да биле прекршени, но Европската Комисија не се меша во истрагата. Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата.

Доколку се утврди во истрага дека превозникот патувал со нелегална или фалсификувана лиценца, може да се очекува Европската Комисија да осуди ваква пракса која не само што е закана за „слободната конкурентност во ЕУ", туку претставува загрозување на животите на патниците.

Според правилата на ЕУ, лиценца не би смеело автобусот да добил од Бугарија, бидејќи европското законодавство не дозволува издавање на лиценци на оператори чии возила се регистрирани надвор од земјите членки на ЕУ.

Несреќата се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма". Загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

Работник бил прободен со шипка од 90 сантиметри- мислеле дека загинал, но се случило чудо

Градежен работник од Бразил имал неверојатна среќа што преживеал страшна несреќа откако се лизнал на скеле од пет метри.

Тој паднал директно на метална прачка долга 90 сантиметри, која го прободела од задникот до градите, ги прободела стомакот, црниот дроб и градите.

Несреќниот 57-годишник итно бил префрлен во болница во градот Куритиба, каде лекарите направиле рендген и сфатиле дека шипката допира до дијафрагмата, пишува Дејли Стар.

За среќа го промашила срцето, но неговата состојба била сериозна и морале брзо да делуваат. Хирурзите опишале како го спасиле, а операцијата започнала со стернотомија (сечење на градната коска).

Потоа го отстраниле оштетеното ткиво и ги санирале внатрешните повреди, по што му била извршена трансфузија на крв.

По неколку дена, пациентот можел да стане и да јаде, а неколку недели подоцна бил пуштен на домашно лекување.

Пред тоа, лекарите забележале големо ткиво со лузна на дел од уретрата, но не е јасно дали било преземено нешто во врска со тоа.

Медицинските експерти велат дека вакви несреќи се ретки, а најчесто се случуваат во градежништвото. Голем процент од нив се фатални, или подоцна доведуваат до компликации.

притисни ентер