Почнува тестирањето на вакцина против корона во форма на таблети - Канал 5

Почнува тестирањето на вакцина против корона во форма на таблети

Вакцината ковид-19 во форма на таблети за неколку месеци треба да ја започне првата фаза на клинички испитувања, односно тестирање врз луѓе.

Почнува тестирањето на вакцина против корона во форма на таблети

Компанијата Oravax соопшти дека се надева дека до јуни ќе започне клиничкото тестирање на нивната вакцина во форма на апчиња. Оравакс е заеднички проект на израелско-американската компанија Oramed и индиската i Premas Biotech.

Предностите на оралните вакцини се полесно давање, побрзо производство и поедноставна дистрибуција.

Имено, вакцината против ковид-19 во форма на таблети може луѓето сами да ја земаат и да се превезува во обични фрижидери , како и да ја чуваат на собна температура. Дополнително, полесно ќе се примени на оние луѓе кои се плашат од вакцинирање или игли.

Засега нема јавно објавени податоци за досегашното тестирање на оваа вакцина.

„Резултатите од тестовите врз животните се охрабрувачки“, изјави д-р Пол Хантер од Универзитетот во Источна Англија за Бизнис Инсајдер.

"Но, треба да бидеме внимателни. Охрабрувачките резултати од тестовите на животни не значат дека тие можат да се реплицираат кај луѓето; потребни се клинички испитувања", додаде тој.

Кон крајот на 2020 година, Ваксарт објави добри резултати од тестирањето на својата орална корона вакцина врз животни, но првите испитувања врз луѓе биле разочарувачки.

Тестирањето на вакцината или лекот во лабораторија или врз животни е најраната фаза на развој на вакцините.

За да биде одобрена, вакцината мора да помине низ три фази на клинички испитувања, односно тестирање врз луѓе. Во првата фаза, учествуваат мал број испитаници, обично помеѓу 20 и 100 (или ретко неколку стотици) и тоа ја одредува прелиминарната проценка на безбедноста и ефикасноста на вакцината.

Во втората фаза, ефикасноста на вакцината се тестира на поголем број испитаници, обично помеѓу 50 и 300, и се анализираат различни методи на имунизација, односно администрација на дозите.

Третата фаза вклучува најголем број учесници - од стотици до десетици илјади; во зависност од болеста за која се развива лекот или вакцината. Во тој момент, одреден кандидат се споредува со плацебо за да се испита реалната ефикасност на развиената вакцина или лек и се утврдуваат понатамошни тестови за безбедност и несаканите ефекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство.

Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност.

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Светската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот ​​во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс.

Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.

Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели.

Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции.

Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата.

„Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

Општина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница.

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер