Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска - Канал 5

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес против лицето обвинето за напад врз градоначалничката Данела Арсовска. 

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска

Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во Скопје, додека таа со службени лица извршувала теренска проверка по пријава за бесправна градба и нелегални приклучоци.

Според обвинителниот акт, обвинетиот С.Љ. извршил грубо насилство врз градоначалничката, при што ѝ нанел телесна повреда и предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кај неа, но и во јавноста.

- Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинетиот во моментов издржува мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на сообраќајната несреќа на патот ГП Блаце – Скопје во која загинаа три лица.

МВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“

Од МВР велат дека се неточни тврдењата дека возилото во кое се наоѓале жртвите било бркано од друго возило што лажно се претставувало како полиција, како и дека вакви случаи биле забележани и претходно.

„Апелираме да не се шират непроверени информации и дезинформации. Ниту е евидентирана појава на таканаречена лажна полиција, ниту има пријави за такви случаи“, информираат од министерството.

Од МВР додаваат дека истражните органи продолжуваат со работата и ќе ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што очекува да се намалат смртните случаи на патиштата за 45 отсто.

Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци

Според министерот Ламалари, „поради нечиj каприц, не треба да трпат оние што доцнат и се заглавени во сообраќајот“.

„Луѓе, ако мислите дека сте привилегирани и дека можете да правите што сакате во сообраќајот, притоа да ги задржувате и блокирате оние што ги почитуваат сообраќајните правила и граѓанските норми, само поздравете ги дроноивте над вас и почекајте да ве пресретне најблиската полициска патрола со казната“, соопшти тој на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ одлучил кога ќе го одиграпоследниот натпревар во хрватскиот дрес ?!

Според италијанските медиуми, капитенот на Хрватска,  Лука Модриќ би можел да ја заврши кариерата во репрезентацијата на почетокот на октомври.

Модриќ одлучил кога ќе го одиграпоследниот натпревар во хрватскиот дрес ?!

Според информациите на „Газета дело Спорт“, легендарниот фудбалер планира да настапи во претстојниот репрезентативен циклус и на првите четири натпревари од Лигата на нации, по што целосно би му се посветил на Милан.

„Модриќ целосно ќе му се посвети на Милан по 6 октомври, кога ќе се прости од Хрватска на натпреварот од Лигата на нации против Шпанија во Сплит. Тој веќе ја соопштил својата одлука на селекторот Билиќ, а наскоро за тоа ќе дознаат и навивачите“, наведува италијанскиот весник.

Доколку оваа информација се покаже како точна, дуелот со Шпанија на распродадениот стадион „Пољуд“ ќе биде последниот настап на хрватскиот капитен пред домашните навивачи.

Досега, Модриќ одиграл 202 натпревари за хрватската репрезентација и постигнал 29 гола. Со националниот тим, тој освои сребрен медал на Светското првенство во 2018 година и бронзен медал четири години подоцна во Катар.

Во 2018 година, тој ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, како и признанието за најдобар играч на Светското првенство во Русија. Неговото повлекување би го означило крајот на една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на хрватскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер