3Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
МакедонијаПочнува судењето против таткото на Васил Јованов, Зоран за „предизвикување општа опасност“Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов за кривично дело „предизвикување општа опасност“.Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место. Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син, кој немал возачка дозвола, да управува возило, иако бил свесен за ризиците и претходните нарушувања на законот од страна на неговиот син. Според Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРСМ), 50-годишниот скопјанец „со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, лекомислено сметајќи дека нема да настапат штетни последици.“ - Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Судот во Скопје на 13 мај му изрече казна затвор од 12 години на Васил Јованов, кој призна вина за сообраќајна несреќа во јануари, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова.Тагови: Кривичен суд Фросина Кулакова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 годиниЗа само две години, Мицкоски и неговата Влада ја задолжија државата со околу 4 милијарди евра нов долг.Околу 8 милијарди евра се вкупните задолжувања на сите влади во 35 години независна Македонија. Мицкоски за само две години направи половина од тој долг. Ова е економска неодговорност - опасно трупање долгови врз грбот на граѓаните. Ова е темпо на задолжување какво што Македонија не видела во својата историја. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра, односно над 65 % од БДП, а каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра. Овие нови 4 милијарди евра не се ниту за подобрување на стандардот на граѓаните, ниту за мерки за граѓаните и капитални инвестиции, ниту за подобар живот. Ова се пари кои одат директно на контото на ВМРО ОКГ - во криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата криминална организација. И додека ја задолжуваат државата со историски размери, граѓаните за две години се соочија со тешка сиромаштија. Може Мицкоски да раскажува приказни за „трета економија“ во Европа и стабилизирана инфлација колку сака, реалноста што граѓаните ја живеат е сурова. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Синдикалната кошничка е постапена за 10.000 денари. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. Статистиката ја гледаат граѓаните преку празниот фрижидер и паричник, високите сметки и поскапата храна. Вистината е дека Мицкоски ја задолжува државата до плафон, а граѓаните ги остава да живеат од ден за ден. Четири милијарди евра нов долг за само две години - а граѓаните немаат подобар живот. Имаат само нови долгови, повисоки цени и понизок стандард. Ова не е економска политика. Ова е сметка што ВМРО-ОКГ ја испраќа на грбот на граѓаните. И таа сметка допрва ќе стигнува. Прес-конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook