Почнува снимањето на играниот филм „Три дена во септември“ - Канал 5

Почнува снимањето на играниот филм „Три дена во септември“

Во понеделник ќе почне снимањето на „Три дена во септември“ – дебитантски игран филм на режисерот Даријан Пејовски, кој заедно со Игор Иванов го напиша сценариото.

Почнува снимањето на играниот филм „Три дена во септември“

Во пресрет на првата клапа (официјално на 22 септември на железничката станица во Драчево), продукцијата „Скопје филм студио“ и дел од екипата денеска на прес-конференција најавија современ, психолошки трилер, студија на два женски карактера (Камка Тоциновски во улога на Марика и Ирена Ристиќ како Јана), кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Директор на фотографија е Димо Попов, сценограф Снежана Поњаниќ-Муча, костимограф Емилија Ивановска-Атанасовска, а музиката е на Александар Пејовски.

Режисерот Пејовски, кој веќе има потпишано неколку кратки филма, рече дека се работи за мал филм, камерна приказна.

– Би рекол женски филм, нешто што допира до трилер, но трилер базиран врз карактери, а не врз некоја голема идеја или некоја комплицирана драматургија. Две комплетно различни жени во еден момент се заробени во еден простор и единствен начин да излезат од таму е да си помогнат една на друга. Мислам дека ќе биде освежување за нашата кинематографија, рече Пејовски.

Косценаристот Игор Иванов додаде дека идејата за филмот е од пред три години.

– Дејството се случува во само три дена и оттаму произлезе насловот, кој претходно беше само септември. Станува збор за студија на карактери - два женски лика кои носат различни конфликти, а се спојуваат во заедничкиот интерес да се разрешат. И тоа успева на крајот. Иако е едноставен, тоа е длабок филм, не во интелектуална смисла, туку во вистинска, синеастичка смисла, истакна Иванов.

Директорот на фотографија Димо Попов рече дека со ист ентузијазам влегува во секој проект и за него не постојат мали и големи филмови.
– Ова ќе биде мој втор игран филм и драго ми е што ќе работам со ваква екипа. Приказната е интересна, современа и не е обременета со некои тешки и големи пораки. Универзална е и би можела да функционира со различна публика, рече Попов.

Продуцентот Томи Салковски соопшти дека буџетот не е затворен и се очекува да биде над 300.000 евра. Од Агенцијата за филм проектот доби 200.000 евра, максимален износ за поддршка на дебитантски филм, со 49.000 евра учествува партнерскиот продуцент - „Иконе студио“ од Косово.
- Останатите средства се обезбедуваат по пат на спонзорства, а голем дел од авторската екипа се откажа или во целост или од дел од нивните хонорари за овој филм да може да биде снимен и возможен со овој низок буџет, рече Салковски.

Покрај Камка Тоциновски и Ирена Ристиќ, во актерската екипа се и: Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај и Блерим Черичи. Филмот ќе се снима 20 дена на локации на Преспанското Езеро, паркот Јасен и во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.

„Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски.

Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава.

Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. 

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер