3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ЖивотПочнува шестиот Пчеларски саем во СкопјеШестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела. Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје. Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, како и пчеларска опрема. Од ПФМ ги повикуваат граѓаните да дојдат на плоштадот Македонија и да дегустираат природен, вистински мед, за да препознаат лажен, фалсификуваниот производ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаЕУ ги пофали реформите, спасени милионите од планот за растЕвроамбасадорот Рокас позитивно го оцени исполнувањето на реформската агенда во јунскиот рок составена од 51 реформски чекор од кои се очекува да бидат завршени 19 во кои влегуваат и 10 со грејс период од лани. Очекувањата на Рокас се дека од 10те реформи со грејс период, за чие неисполнување трајно се губат наменетите европските средства, како што вели, „9 или 9 и половина чекори„ ќе бидат успешно завршени. За квалитетот на спроведените реформи пак, се чека Европската комисија да се произнесе со финалната оценка во септември оваа година. -Морам да кажам дека работевме многу напорно, многу тесно со владата за да ги исполниме, многу сум уверен дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме одличен резултат. Исто така, важно е дека во сите 51 чекори има напредок. Уверен сум бидејќи видов забрзување на реформите,- - Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ . Доколку успешно се завршат 19те реформи, би се ослободил бруто износ од околу 100 милиони евра од Планот за раст, од кои како што прецизираше премиерот, една третина се за ликвидност на буџетот додека останатите се грантови за капитални инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Како резултат на исполнети реформи, државава досега добила 142, 1 милион евра, информираа од Министерството за европски прашања. Додека пак во контекст на најавите од Брисел дека Македонија е една од трите земји кон кои би се распределиле европските пари изгубени од земјите од регионот кои не успеале навремено да испорачаат реформи, премиерот вели дека веќе се дискутираат приоритетните области кон кои би се насочиле дополнителните средства. За реформските чекори со грејс период за кои Владата водеше преговори со Европската комисија за нивна корекција, особено оној кој се однесува на либерализација на енергетскиот пазар за кој се стравуваше дека ќе донесе повисоки цени на струјата за домаќинствата, премиерот Мицкоски најави дека веќе е постигнато решение усогласено со Европската комисија, според кое од Нова година, ЕСМ ќе испорачаува максимум 70% од потребната елекетирна енергија кон универзалниот снабдувач - ЕВН Хоум, наместо сегашните 100%. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспоратаОсвен електронски, може да се најде и друго решение за поголема вклученост на дијаспората во изборите - премиерот Мицкоски со нов повик до опозициската СДСМ за консензус околу Изборниот законик. Откако предлог законот заглави во Собрание со над 13 илјади амандмани, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нови меѓупартиски преговори. Ако биде постигнат договор, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка на сите други забелешки од опозициските партии. -Еве ние сме подготвени повторно да седнеме, повторно да разговараме. Гласањето на дијаспората – да најдеме модалитет да биде во обем многу поголем, со што би заштедиле пари. Еве, нека биде со писма, преку пошта, како било, да најдеме форма како да го интензивираме гласањето на дијаспората и да го направиме достапно за дијаспората,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Но, опозицискиот лидер Венко Филипче и понатаму се сомнева во намерите на власта за изборен грабеж. Со оглед дека предлогот е да почнат од претседателските избори во 2029 година, според него не треба да се избрзува, туку да се формира експертска работна група. -Тоа што менува само да помине законот создава сомнеж. Зошто дозволува да се отвори врата за манипулација со изборниот процес и става терет на луѓето од дијаспората дека утре тие може да бидат обвинети дека учествувале во изборен грабеж? Зошто да им ставаме таков терет? Нека дојдат тука нека гласаат со фингерпринт како што ние гласаме.. Секогаш ќе бидеме конструктивни кога се работи за тие закони, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж. И сето ова што премиерот го менува ставот еднаш вака, еднаш така, отвора сериозен сомнеж дека има позадина во целото тоа,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Од друга страна евроамбасадорот Рокас порача дека предлог-законот кој е во Собрание е позитивно оценет од европските институции и очекува дека сепак власта и опозицијата ќе најдат заеднички јазик. -Законот сам по себе е добар, ОДИХР и Европската Комисија имаат позитивни оценки. Она што остана се модалитетите. Разбирам дека има несогласувања околу модалитетите, но чувствувам дека има добра волја да се надминат. Исто така има комисија во Собранието за Изборниот законик и се надевам дека партиите за вака важно нешто ќе седнат и ќе постигнат консензус за овие сензитивни прашања,-Микалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија. Иако на лидерската средба во јануари партиите генрално изразија согласност за промена на изборниот модел и воведување на 1ИЕ наместо сегашнитие 6, во предложениот закон ова прашање не е опфатено. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден - Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино.Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од околу 3.500 метри, со што се овозможи приклучување на приближно 100 домаќинства на новоизградената канализациона мрежа. Дополнително, извршено е нивелирање и поставување на заштитни бетонски капаци на шахтите од фекална канализација кои се наоѓаат на улицата, се врши чистење и уредување на отворените одводни канали, кои се во функција на прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот, како и поставување на заштитни банкини долж коловозот. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуираното инвестирање во локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на општината, бидејќи современите и квалитетни сообраќајници придонесуваат за поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот на жителите од сите населени места. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со интензивна реализација на проекти за изградба и реконструкција на улици низ целата територија на општината, со цел понатамошно унапредување на комуналната и сообраќајната инфраструктура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00