Почнува сезоната на Нобелови награди, денеска ќе биде познат лауреатот за медицина - Канал 5

Почнува сезоната на Нобелови награди, денеска ќе биде познат лауреатот за медицина

Овогодинешната сезона на доделување на Нобеловата награда започнува денеска, со објавување на наградата за медицина, првата од шесте категории.

Почнува сезоната на Нобелови награди, денеска ќе биде познат лауреатот за медицина

Нобеловиот комитет на Институтот Каролинска во Стокхолм околу 11:30 часот треба да го именува добитникот или добитниците на наградата за медицина. Во минатото, имаше многу случаи на доделување на неколку научници во иста година, на пример оние кои работат во исто поле на медицински истражувања. Од првата награда во 1901 година, вкупно 225 луѓе ја добиле Нобеловата награда за медицина.

Сепак, минатата година наградата отиде во рацете на еден лауреат: шведскиот генетичар Сванте Пабо беше награден за неговите револуционерни откритија за човечката еволуција.

Сезоната на Нобеловата награда го следи истиот модел секоја година: по категоријата медицина, објавувањето на наградите за физика и хемија се закажани за вторник и среда, а потоа и Нобеловата награда за литература в четврток.

В петок ќе биде соопштен изборот на овогодинешната Нобелова награда за мир - единствената награда од серијата што не се објавува во Стокхолм, туку во норвешката престолнина Осло. Конечно, назад во шведскиот главен град, идниот понеделник ќе биде објавена Нобеловата награда за економски науки.

Нобеловите награди беа иницирани со волјата на пронаоѓачот на динамитот и донатор Алфред Нобел (1833 - 1896). Тие се наменети да им оддадат почит на оние кои беа од најголема корист за човештвото во секоја категорија во текот на претходната година. Наградите традиционално се доделуваат на церемонија на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.

Оваа година, Нобеловата фондација ја зголеми паричната награда по категорија за еден милион шведски круни на 11 милиони круни (950.000 евра).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.

Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија.

Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија,  денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. 

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери.

„Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.

Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво.

„Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“

Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.

„Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски.

Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига.

„Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски.

Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Светскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови.

Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година.

Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер