Почнува прославата на Светската недела на Вселената - Канал 5

Почнува прославата на Светската недела на Вселената

Денеска започнува годишната прослава на Светската недела на Вселената во Македонија, насловена „Сателитите го подобруваат животот".

Почнува прославата на Светската недела на Вселената

Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во Вселената.

– Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите. Темата оваа година се фокусира на сателитите, нивните секојдневни употреби и многубројните придобивки кои понекогаш ги земаме здраво за готово. Следната година (2021) фокусот ќе биде на една тема многу значајна за нас, а таа е „Жени во Вселената, велат локалните координатори на Светската недела на Вселената во Македонија, кои веќе шест години по ред успешно ја реализираат оваа светска иницијатива.

Во оваа иницијатива изминатата 2019 година, се вброија над 8.000 настани во 96 земји, меѓу кои и во нашата држава, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.

Овогодинешните активности на Неделата на Вселената во земајва поради Ковид-19 пандемијата ќе ги исклучат традиционалните настани со физичко присуство кои беа одржувани сите изминати години и фокусот ќе биде ставен на индивидуални предизвици кои секое дете, поединец и возрасен може сам да ги направи од удобноста на својот дом.

Програма во 2020 ќе опфати онлајн креативен курс во соработка со едукативниот центар Скампер со наслов „Мисија: Лет до Вселената" за деца на возраст од четири до осум години, различни информативни содржини, идеи и предлози за активности по дома за кои повеќе информации може да се најдат на официјалната фејсбук страница на иницијативата.

Организаторите ги повикуваат сите вљубеници во Вселената и небесните тела да се вклучат во иницијативата и да ја следат фејсбук страницата World Space Week Macedonia, за да ги проследат предлозите кои се подготвени оваа година за заедно, уште еднаш, да ја одбележиме оваа Светска недела на вселената.

Светската недела на вселената, секоја година традиционално се одбележува од 4 до 10 октомври. Тие датуми не се случајни – на 4 октомври 1957 година е лансиран Спутник 1, а на 10 октомври 1967 е потпишан Светскиот договор за фер и разумно користење на Вселената, вклучувајќи ја Месечината и другите небесни тела.

Во светски рамки, Светската недела на Вселената се одржува и одбележува со масовни настани. Здружението на Светската недела на Вселената е предводено и признато од комитетот на Обединетите нации за мирно користење на вселената (КОПУОС) и Канцеларијата на ОН за вселенски прашања (УНООСА) базирана во Виена. Главната мисија и цел е едукација и информирање на светот за сите достигнувања, истражувања и успеси кои се постигнати на тема вселена во изминатата година.

Целта на оваагодишната темата „Сателитите го подобруваат животот" е да се истакне секојдневната употреба на сателитите во нашите животи и на колку различни полиња играат клучна улога. Не може да си замислиме комуникации, следење на промените во природата, временски прогнози, транспорт и навигација и уште многу нешта без употребата на тие сателити.

Како што човештвото еволуира и напредува, така и барањата на луѓето за достапност на најразлични информации стануваат поголеми. Навигацијата, временските прогнози и уште многу извори на информации ги имаме земено здраво за готово, но во позадина стои технологија и наука која сето тоа ни го овозможува, наведуваат организаторите на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор Мацура

Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“  Давор Мацура

Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица.

На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот.

Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство.

Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање.

Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања.

Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“.

На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата.

Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари.

Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци.

Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните.

Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас.

За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност.

Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки.

Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер