Почнува постапката за набавка на брзи тестови, бројот на нови случаи постепено и благо опаѓа

Денеска почнува постапката за набавка на брзи тестови со дел од буџетот кој со ребалансот стигна во Министерството за здравство.

Во меѓувреме 20.000 тестови стигнаа како донација, 13.000 се веќе поделени и се користат во многу здравствени установи во земјава. Уште 6.000 во овој момент има во резерва и имаме план каде да се дистрибуираат во текот на следната недела, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Согласно анализата на Институтот за јавно здравје, посочи министерот, процентот на позитивни случаи од тестирани генерално се движи меѓу 36 и 41 процент, а највисок процент – 41,2 на позитивни од тестирани е регистриран на 17 ноември, кога има најголем број нови случаи – 1407 и после тоа бројот на нови случаи постепено и благо опаѓа.

Потенцира дека бројот на нови случаи забавува после период од две до четири недели нагл пораст на бројот на новодијагностицирани.

– За жал евидентен е порастот на смртни случаи и на глобално ниво и кај нас. Тоа што охрабрува е дека расте бројот на оздравени пациенти од домашно и болничко лекување. Конкретно минатата недела процентот на оздравени во однос на претходната недела е зголемен за 45 проценти, а трендот на зголемен број оздравени пациенти продолжува и во текот на оваа недела. Просекот на хоспитализирани во изминатите две недели е околу 1280, а проценот на хоспитализирани од вкупниот број случаи е 6,7 и во целокупниот овој период е многу близу до 7 проценти, рече Филипче.

Нагласи дека мобилизиран е целокупниот кадар на сите одделенија, ангажирани се и дел од приватните специјализанти кои покажале волја да се вклучат во овој процес, како и дел од младите и лиценцирани лекари кои имаа платена пракса, која за дел од нив заврши и се разговара за модалитетите за нивно вработување во здравствениот систем, а на тоа се работи со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии.

– Системот „МојТермин" освен во некои клиники каде е редуциран, работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции. Сега и во целокупниот изминат период во болниците во Скопје и во другите градови има слободни кревети. Има доволна количина заштитна опрема близу милиони ипол парчиња, дел од набавки дел од донации, додаде Филипче.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер