Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес - Канал 5

Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес

Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомните лица за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна.

Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес

Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица - во автомобили, шатори и картонски засолништа.

Пописот од 2023 година покажа дека округот Лос Анџелес има 75.500 бездомници, што е девет отсто повеќе од претходната година.

Од 2015 година, бројот на бездомници е зголемен за 70 отсто во областа и за дури 80 отсто во самиот град.

Околу 46.200 од нив живеат на територијата на самиот град Лос Анџелес, каде што расте незадоволството на граѓаните поради зголемениот број „шаторски населби“ на тротоарите, парковите и другите јавни површини.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, минатиот месец соопшти дека повеќе од 21.000 луѓе кои живеат на улица ќе бидат сместени во хотели и други засолништа.

Резултатите од овој попис, како што е најавено, ќе бидат објавени кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците открија кои се најпривлечни црти кај мажите и жените

Ново истражување кое анализирало повеќе од 600 лица користејќи 3Д скенирање, се обиде да одговори на прашањето кои црти на лицето најчесто се сметаат за привлечни кај мажите и жените.

 Научниците открија кои се најпривлечни црти кај мажите и жените

Ново истражување кое анализирало повеќе од 600 лица користејќи 3Д скенирање, се обиде да одговори на прашањето кои црти на лицето најчесто се сметаат за привлечни кај мажите и жените. Научниците велат дека ги идентификувале карактеристиките што повеќето луѓе ги сметаат за привлечни, а резултатите сугерираат дека обликот на лицето игра важна улога при првиот впечаток.

Попривлечни се жените со послабо лице и мажите со поизразена брада

Според резултатите од студијата, највисоки оценки за привлечност добиле жените со послаби лица, пополни усни и изразени црти на лицето. Меѓу мажите, најдобро поминале оние со изразена брада и поизразен, аголен профил.

Во студијата учествувале шест независни оценувачи, тројца мажи и три жени, кои го оцениле секој 3Д модел на лице на скала од 0 до 100.

Убавината можеби не е целосно субјективна

Авторот на студијата, Георгиос Канавакис од Универзитетот во Атина, за PsyPost изјавил: „Физичката привлечност влијае на многу аспекти од нашиот живот и игра клучна улога во секојдневните човечки интеракции. Таа обликува сè, од првите впечатоци и случајните познанства до деловните можности и романтичните врски.“

Тој истакнал дека привлечноста не се сведува на една „совршена“ црта на лицето, на пример, носот или брадата, туку на хармонија на различни црти што создаваат една целина.

И покрај тоа што убавината се смета за целосно субјективна, бројни истражувања покажале дека меѓу луѓето постои голем степен на согласност околу тоа кои лица се привлечни.

Примери меѓу познатите

За да ги илустрираат резултатите, истражувачите издвоиле неколку познати личности чии црти на лицето одговараат на карактеристиките кои се покажале како најпривлечни.

Кај жените како пример ги навеле актерката Маргот Роби и манекенката Елса Хоск, додека кај мажите ги издвоиле манекенот Дејвид Ганди и актерот Хенри Кавил.

Маргот Роби

Австралиската актерка и продуцент е една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата. Таа се прослави со филмот „Волкот од Волстрит“, а подоцна постигна забележителни улоги во филмовите „Јас, Тоња“, „Беше еднаш... во Холивуд“ и „Барби“, кои станаа светски хит. Повеќе пати е номинирана за Оскар, а покрај глумата ја води и успешната продукциска куќа LuckyChap Entertainment.

Елса Хоск

Шведскиот модел и претприемач е најпознат како еден од поранешните ангели на „Викторијас сикрет“. Таа прошета по пистите на најголемите модни куќи во светот и беше лице на бројни луксузни брендови. Во последниве години, таа го разви и својот моден бренд, „Хелса студио“, и е еден од најследените модели на Инстаграм.

Дејвид Ганди

Британскиот модел се смета за еден од најуспешните машки модели на сите времиња. Тој стекна светска слава како лице на „Долче и Габана“ и честопати се смета за човек кој ги промени стандардите на машката мода, враќајќи ја атлетската градба наместо екстремно слабиот изглед. Покрај манекенството, тој се занимава со пишување, дизајн и хуманитарна работа.

Хенри Кавил

Британскиот актер е најпознат по улогата на Супермен во филмовите на DC, потоа Гералт од Ривија во серијата „Вештерот“. Тој глумеше и во филмовите „Mission Impossible - Fallout“, „The Man from U.N.C.L.E.“ и „Аргил“. Освен по глумата, тој е познат по својата љубов кон видеоигрите, фантазијата и друштвените игри.

Првиот впечаток се формира за неколку секунди

„Првиот впечаток се формира во дел од секундата и има силно и трајно влијание врз човечките односи“, се наведува во студијата.

„Покрај основните информации како што се полот или возраста, при првата средба свесно или несвесно формираме мислење за другите. Овие мислења се поврзани со особини како што се доверливост, компетентност и интелигенција.“

Интересно е што претходна студија покажа дека жените генерално се сметаат за попривлечни од мажите.

„Особено е интересно што жените други жени ги оценуваат за значително попривлечни отколку што ги оценуваат мажите. Од друга страна, машките лица добија слични оценки од двата пола, но во целина беа оценети пониско“, објасни за „Дејли меил“ водечкиот автор на студијата, Еуген Василивицки од Институтот за емпириска естетика во Франкфурт, „Макс Планк“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собирала ситни пари цели 26 години- ги пребројувала два дена и се шокирала од резултатот (ВИДЕО)

Колку пари би можеле да заштедите по две децении собирање кусур?

Собирала ситни пари цели 26 години- ги пребројувала два дена и се шокирала од резултатот (ВИДЕО)

Одговорот можеби ќе ве изненади, а една жителка на Охајо стана интернет сензација кога ја покажа својата неверојатна „колекција“ од монети.

Џејми Блосел покажа голема стаклена тегла во која чувала монети 26 години, а видеото беше прегледано 4,7 милиони пати за кратко време.

Ги броела парите два дена

Додека повеќето луѓе ги чуваат своите ситни пари во фиока, кутија или мал сад, Џејми ги чувала своите монети во голема стаклена тегла. Сè започнало во 2000 година, кога внатре ја ставила својата прва монета.

По 26 години, таа решила да провери колку заштедила, а резултатот ја изненадил, објавува MSN.

Сфаќајќи дека броењето ќе ѝ одземе многу време, таа решила да документира сè на камера. Веднаш открила дека теглата е „толку тешка“ што не може да ја крене.

Па седнала на подот до неа и почнала да ги вади и брои монетите - една по една. Целиот процес траел, со паузи, два дена, и на крајот на краиштата, Џејми го открил резултатот.

За 26 години, таа собрала повеќе од 1.300 долари.

„Мало богатство“

Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од резултатот и го пофалија овој начин на штедење.

„Јас живеам за ова“, напиша еден корисник, а друг додаде: „Ова е неверојатен начин на штедење“.

Трет истакна дека треба внимателно да ги испита монетите, бидејќи меѓу нив може да има примероци кои вредат многу повеќе од нивната номинална вредност.

Така, Џејми ја претвори вообичаената навика за штедење ситни пари во приказна што ги освои милиони луѓе. Она што со години изгледаше како обична тегла полна со заборавени монети, се покажа како „мало богатство“ - и доказ дека дури и малите заштеди, собирани доволно долго, можат да се претворат во значителна сума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Според информациите од надлежните органи на државата Вирџинија, синот на познатиот помошник тренер на Канзас Сити Чифс, Ерик Биениеми, бил уапсен и приведен откако ја застрелал својата мајка, Миа Биениеми.

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната Миа Биениеми со повеќекратни прострелни рани, објави Си-Ен-Ен.

Таа брзо била префрлена во болница и е во стабилна состојба откако ѝ била укажана прва помош.

Полицијата брзо го лоцирала Елајџа Зајон Биениеми, кој бил уапсен поради основано сомнение за сторување кривично дело, како и за употреба на огнено оружје за сторување незаконско дело. Тој моментално е во притвор.

Во меѓувреме, познатиот тренер Ерик Биениеми бил со тимот во тренинг камп во Сент Џозеф, Мисури. Тој не присуствувал на тренинг сесијата одржана во понеделник.

- Клубот е информиран за инцидентот што се случил во семејството на Биениеми. Од почит кон нивната приватност, во овој момент нема да коментираме. Нашите мисли се со нив - изјави за медиумите претставник на Канзас Сити Чифс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер