3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
КултураПочнува петтото издание на „Златна рамка“ Вкупно 13 филмови ќе бидат прикажани на петтото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Фестивалот ќе се одржува од денеска до сабота во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар и во Кинотека. Станува збор за филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови. Исто како и минатата година, „Златна рамка 2023“ ќе продолжи со спроведување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да ги посети киното „Фросина“ и Кинотека. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го донесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски домови, затвори, болници, домови за деца, казнено-поправни домови итн.). - Филмската уметност им припаѓа на сите, без исклучок. Филмот, од самата негова појава пред речиси 130 години се до денес е постојан придружник на современиот човек, без разлика на неговиот материјален, образовен и социјален статус. Но, за жал, а особено на овие наши простори, постојат извесни групи на граѓани кои од најразлични причини се социјално маргинализирани, изолирани и спречени да восприемаат филмска уметност, што пак во современиот свет претставува елементарно човеково право, без разлика на статусот на секој еден од нас, се вели во соопштението од ДФРМ. Годинашната „Златна рамка“ ќе биде одбележана со организација на проекции во рамки на установи и институции каде живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 2023“, а поместени во рамките на социјалната програма во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот. Оваа година проекции ќе има за студентите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ – на 20 април, за затворениците во Казнено-поправниот дом „Шутка“ на 21 април и за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 22 април. Вечер, во 18 часот, во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе бидат прикажани краткометражниот филм „Бесценета“ во режија на Дејан Јованов и долгометражниот „Мими“ режиран од Даријан Пејовски. В петок (21 април), во КПД „Шутка“ (почеток 18 часот) на програмата ќе бидат краткометражниот „Синиот час“ на Ана Јакимска и долгометражниот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска. В сабота во Домот за стари лица „Мајка Тереза“, со почеток во 18 часот, ќе бидат прикажани краткометражните филмови „Си беше еднаш еден звук“ во режија на Огнен Шапковски и „Фениксот од Кавадарци-Васил Хаџиманов“ режиран од Мишо Нетков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан не престанува да ги промовира различните делови од колекцијата на нејзиниот бренд SKIMS, а тоа значи само едно – нејзините фанови ќе уживаат во атрактивните новитети на старлетата.Риалити ѕвездата Ким Кардашијан секогаш има свои решенија за привлекување внимание. Откако сите пишуваа за нејзината врска со Луис Хамилтон, која веќе не е тајна бидејќи возачот на Формула 1 редовно ја изјавува својата љубов кон ѕвездата, таа сега го насочи својот фокус кон својот бренд SKIMS. Уште од самиот почеток, таа имаше провокативни рекламни кампањи во кои се појавуваше таа или нејзините сестри, облечени во многу малку облека, минијатурни бикини и слично. Сега таа ги почести своите обожаватели со серија фотографии . 🔥 Kim Kardashian Models Skims’ New Microscopic Leopard Print Collection — (Video: AI) Kim K is heating things up with her latest Skims drop — the “Micro Fits Everybody” collection of barely-there leopard print bras, thongs, and ultra-revealing silhouettes. In the created clip:… pic.twitter.com/e3oK4Flsnt — Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) July 1, 2026 Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамОва се најдобрите половни автомобили до 10.000 евраАко планирате да купите половен автомобил со цена до 10.000 евра, петте модели што се сметаат за најдобри се VW од седмата генерација, Mazda 6, BMW серија 3, Honda Accord и Volvo S60.Кои се најдобрите половни автомобили со цена до 10.000 евра? Покрај самото одржување, важна е и сервисната мрежа во вашиот град или во околината. Денес, сите производители имаат широка мрежа за сервисирање и набавка на резервни делови, што го става сопственикот во поволна положба; на него останува „само“ да вложува во своето возило, односно редовно да го одржува – да врши мали и големи сервиси и да ги заменува истрошените делови кога ќе дојде време за тоа, пред да настане сериозен дефект. Ако планирате да издвоите 10.000 евра за купување половен автомобил, на пазарот секогаш се достапни неколку одлични модели кои се многу барани токму поради нивната репутација. Кај нас најчесто се возат дизел-автомобили, но и моделите на бензин се многу достапни и поволни. 1.VW Golf од седмата генерација – за сума до 10.000 евра може да се најде верзија со бензински мотор 1.4 TSI или дизел мотор 2.0 TDI. Достапни се и мануелни и автоматски менувачи, но доколку DSG менувачот нема сервисна историја, подобро е да го избегнете поради скапите поправки. 2.Mazda 6 од втората генерација – возило од средна класа кое нуди добар компромис меѓу удобноста, сигурноста и моќноста. Најразумен избор се дволитарските бензински мотори MZR со околу 147 КС (коњски сили) или 2.5 MZR, додека дизел моторите 2.0 и 2.2 MZR CD нудат помала потрошувачка за оние што возилото го користат главно за возење на отворен пат. 3. BMW Серија 3 – генерацијата F30 се движи во ценовниот опсег до 10.000 евра и обично доаѓа со поголема километража. Најдобар избор е дизел моторот 318d или 320d со мануелен менувач, а ако најдете добро одржуван примерок, нема потреба многу да се двоумите. 4. Honda Accord – ова е еден од најсигурните автомобили во средната класа. Најбарани се бензинскиот мотор 2.0 i-VTEC и дизел моторот 2.2 i-DTEC, при што вториот е малку поскап за одржување од бензинецот. 5. Volvo S60 од втората генерација – ова е веќе премиум возило што може да се најде по цена на „обичен“ половен автомобил. Најбарани се дизел моторите D3 и D4 доколку планирате да потрошите до 10.000 евра, додека бензинската верзија со мотор T5 нуди подобра динамика на возење, но и малку повисоки трошоци за одржување. Важно е да се напомене дека ова се модели што се застапени на бројни веб-страници за продажба на половни автомобили и не се единствените квалитетни опции во ценовниот опсег до 10.000 евра; затоа, потребно е темелно да ги истражите сите модели што ве интересираат и внимателно да ја донесете таа важна одлука. Исто така, секогаш одвојте најмалку 500 евра при купување половен автомобил, за случај веднаш да биде потребен некаков сервис или поправка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаКошаркарите убедливи и на гостувањето кај Луксембург, за максимални шест од шестМакедонската сениорска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66.И покрај бројните кадровски промени, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал одиграа уште еден зрел и дисциплиниран натпревар. Во Луксембург не допатуваа Андреј Јакимовски и Марко Луканоски, а на местото на Ди-Џеј Стјуард дебитираше Нејт Сестина. Дополнително, стручниот штаб реши да му даде одмор и на капитенот Војдан Стојановски. Со само деветмина активни кошаркари во ростерот, Македонија уште од самиот почеток ја наметна својата игра. Агресивната одбрана и добрата реализација донесоа водство од 23:15 по првата четвртина. Во вторите десет минути нашата репрезентација одигра уште поквалитетно. Разликата постојано растеше, а на полувремето Македонија веќе имаше убедливи 46:27, практично ставајќи го натпреварот под целосна контрола. Луксембург успеа да возврати во третата четвртина, која ја доби со 22:17 и ја намали негативата на 49:63, но тоа беше сè што домашниот состав успеа да направи. Во последниот период Македонија повторно ја стабилизираше играта, не дозволи неизвесност и рутински го приведе натпреварот до крај за конечни 80:66. Дебито во македонскиот национален тим Нејт Сестина го одбележа со 18 поени и пет скока. Одличен натпревар одигра и Ташовски, кој постигна 16 поени, а на нив додаде и по седум скока и седум асистенции. Ѓуроски средбата ја заврши со 13 поени, седум скока и три асистенции, додека по 12 поени реализираа Ефремовски и Какруки. Со шест победи во шест натпревари и скор 6-0, Македонија убедливо го освои првото место во групата „А“ со 12 бодови. Зад неа завршија Луксембург, Ирска и Азербејџан, кои имаа идентичен ефект од по две победи и четири порази. Македонската репрезентација на најдобар можен начин го затвори јулскиот ФИБА-прозорец и сега со максимална самодоверба го очекува вториот претквалификациски круг, кој започнува кон крајот на август. ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029: ГРУПА „А РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО Луксембург – МАКЕДОНИЈА 66:80 Азербејџан - Ирска 70:76 ТАБЕЛА 1.МАКЕДОНИЈА 6 6 0 489:387 12 2.Луксембург 6 2 4 479:493 8 3.Ирска 6 2 4 451:485 8 4.Азербејџан 6 2 4 431:485 8 И покрај бројните кадровски проблеми и скратениот ростер, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал уште еднаш покажаа карактер и заслужено стигнаа до шестата победа во низа. По натпреварот, Берокал направи анализа на одиграното, потенцирајќи дека неговиот тим одиграл одлично прво полувреме, а падот во продолжението бил очекуван со оглед на ограничената ротација. „Натпреварот имаше две различни лица. Во првото полувреме, кога имавме повеќе можности за ротација, игравме многу добро. Добро ја движевме топката, ја делевме одговорноста во нападот и одигравме квалитетна кошарка. Во второто полувреме беше очекувано Луксембург да реагира пред својата публика. Направија одредени тактички промени, а ние со скратената ротација почнавме да чувствуваме замор кај дел од играчите. Сепак, најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и на крајот заслужено победивме. Таквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот“, изјави Берокал. Македонскиот селектор нагласи дека и покрај одредени недостатоци во ростерот, сите играчи максимално го дале својот придонес. „Ни недостигаа неколку важни играчи, особено на бековските и центарските позиции, но секогаш мораме да се фокусираме на оние што ги имаме на располагање. Играчите кои настапија одговорија на задачите и тоа е најважно.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook