Почнува осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“ - Канал 5

Почнува осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“

Под мотото „Бесконечна слобода“ денеска во Струга почнува осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“.

Почнува осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“

Програмата, како што соопшти организаторот, ќе биде распределена во четири фестивалски денови, во кои се најавени филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

Според најавата, и годинава нема да изостане промоцијата на македонски филмови, како и едукативниот дел од фестивалот.

- Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“, чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата, каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат, стои во најавата.

Во едукативниот дел, додаваат, предвидени се два мастеркласови и една дискусија за филм на тема „Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма, како што не најавено, ќе се фокусира на домашни изведувачи. Фестивалот ќе го отвори групата Фолтин со целовечерен концерт, а завесата ќе биде спуштена со настап на групата „Искра“, која со себе носи информации од иднината.

Програмата, како што соопшти организаторот, ќе биде распределена во четири фестивалски денови, во кои се најавени филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

Според најавата, и годинава нема да изостане промоцијата на македонски филмови, како и едукативниот дел од фестивалот.

- Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“, чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата, каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат, стои

во најавата.

Во едукативниот дел, додаваат, предвидени се два мастеркласови и една дискусија за филм на тема „Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма, како што не најавено, ќе се фокусира на домашни изведувачи. Фестивалот ќе го отвори групата Фолтин со целовечерен концерт, а завесата ќе биде спуштена со настап на групата „Искра“, која со себе носи информации од иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер