КултураПочнува официјалната програма на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016 Со видео-претставување на наградените автори и изложба на наградените дела во галеријата Остен денеска, на пладне, почнува официјалната програма на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016.Според извршната директорка на „Остен“ Корнелија Конеска, Остен биеналето на цртеж Скопје 2016 е многу успешно. Оваа година на објавениот отворен повик се пријавиле 690 автори од целиот свет, од 66 држави со 2.240 дела. Годинава, официјалната програма на биеналето ќе трае подолго, преку континуирани еднонеделни изложби, со кои ќе се претстават сите уметници, селектирани од страна на интернационалното жири. Највисоката награда, „Гран при за животно остварување“ ја доби скулпторот Тони Крег, кој живее и работи во Германија. Наградата „Светско културно наследство“, која се доделува на починат уметник кој направил значително влијание на светската уметност, оваа година му се доделува на Салвадор Дали од Шпанија. За наградите „Гран при“ и „Светско културно наследство“ одлучува Бордот и Советот на амбасадори на „Остен“. Во соработка со Светската асоцијација на визуелни уметности се доделува наградата „Уметник на светот“ на двајца уметници, Родољуб Анастасов од Македонија и Јиржи Андерле од Чешка. Од денеска до 3 октомври ќе бидат изложени делата на уметниците Тони Крег, Салвадор Дали, Јиржи Андерле и Родољуб Анастасов. Интернационалното жири во состав Урсула Боде од Германија, Венцеслав Антонов од Бугарија и Патриција Шнел-Гутиерез од САД донело одлука од 690 автори, 250 да бидат претставени со една репродукција во каталогот на биеналето на цртеж. Жирито донело одлука да се доделат повеќе награди. Ген Моримото од Јапонија ја добива првата награда за цртеж, а прва награда за сликарство на хартија Јошкин Шиљан од Србија. Прва награда за графика добива Деница Јанева од Бугарија, прва награда за оригинално дело Џоан Белмар од САД и прва награда за млад уметник Александра Манѕари од Грција, рече Конеска. Наградатата „Златен остен“ ја добиваат Алтај Алдоган од Турција, Елпида Хаџи-Василева од Велика Британија, Мириам Хофер од Германија, Тијана Којиќ од Србија и Ирена Паскали од Германија. Посебна награда од жири добија Блажеј Балаж од Словачка, Пол Меклоски од Ирска и Марија Алексиева од Бугарија. Посебно признание од жири добија Мати Грунберг од Израел и Маргерита Касара од Италија. - Посебно доделуваме, со соработка со нашите добри соработници од Интернационалната фондација за музика и уметност, награда на Васил Василев од Македонија. Наградата „Остен“ ја добија Лукаш Богдан од Полска, Мате Ѓорѓевиќ од Србија, Чртомир Фрелих од Словенија, Камелија Отеро од Франција, Едита Патова од Чешка и Катаржина Томашевска од Полска, информира Конеска. Посебно признание од „Остен“, за национална колекција добива Полска, за индивидуална колекција Гидре Ришкуте од Литванија, а за легат Томијуки Сакута од Јапонија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter