КултураПочнува одбележувањето на Свети Климент Охридски, патронот на градот ОхридСо прогласување на Наум Целакоски и Павле Митрески за почесни членови на библиотеката „Григор Прличев“ денеска во Охрид почнуваат активностите за одбележување на празникот Свети Климент Охридски – патронот на градот.Чествувањата ќе продолжат со концерт на учениците од општинкото музичко училиште „Методи Патче”, по што следува изложба „Охридскиот регион – универзален духовен и природен раскош“ од Нина Ангелоска и одбележување на патронатот на општинското основно училиште „Свети Климент Охридски“. Општина Охрид, пак, утре ќе одржи свечената академија по повод 8. декември, Денот на Свети Климент Охридски – патрон на градот. Ќе биде промовирана книгата за „Светите браќа Климент и Наум“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а ќе бидат поставени и изложби на Фото клуб – Охрид и на учениците од ОСУ „Свети Климент Охридски“. Програмата треба да продолжи на празникот, в четврток со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник. Потоа предвидено е полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ и на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид. Програмата ќе се заокружи со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
СветРуте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат ИранГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО. „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.Тагови: Иран Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен судСудскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки.Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор и разрешување на судии поротници и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.Тагови: Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерика силно го нападна Иран, следуваше жестока одговорАмерика ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови. Footage of US airstrikes hitting Iran’s Bandar Abbas tonight: pic.twitter.com/ycUezpWhCH — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 7, 2026 Иран утрово одговори на ноќешниот напд. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран. Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter