ФудбалПочнува новата сезона во Лигата на шампиони на УЕФА, вредниот трофеј го брани ПСЖ Со два натпревара во терминот од 18:45 часот вечер ќе биде отворена сезоната 2025/26 во фудбалската Лига на шампиони.Во Ајндховен ПСВ ќе го пречека Ројал Унион, додека Атлетик Билбао ќе му биде домаќин на Арсенал. Од 21 часот ќе играат: Тотенхем – Виљареал Бенфика – Карабах Јувентус – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Марсеј. Утре играат: Олимпијакос – Пафос Славија Прага – Бодо-Глимт ПСЖ – Аталанта Ајакс – Интер Ливерпул – Атлетико Мадрид и Баерн – Челзи. На шесте натпревари в четврток ќе се соочат: Клуб Бриж – Монако Копенхаген – Баер Спортинг – Каират Ајнтрахт – Галатасарај Њукасл – Барселона и Манчестер сити – Наполи. Трофејот го брани ПСЖ. Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаМинистерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание! 11 Октомври е еден од најзначајните датуми во нашата историја, симбол на непокорот, храброста и решителноста на македонскиот народ во стремежот за слобода, достоинство и самостојна држава.Делото на учесниците во Народноослободителната борба е трајно врежано во темелите на нашата држава. Нивната жртва не обврзува да го чуваме историското наследство и да продолжиме да ја градиме Македонија како демократска и просперитетна држава, со силни институции и јавна администрација посветена на граѓаните. Со почит кон минатото и со визија за иднината, да продолжиме да придонесуваме за држава во која слободата, достоинството и правдата се темелни вредности. Нека е честит 11 Октомври!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаОд понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во ДебарМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. – По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР. Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалВидео: Меч за аналите: 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минутаНајлудиот натпревар во годината – 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минута .Ролеркостер од емоции и возбудување во Солна , Шведска.Спектакуларен натпревар со 11 постигнати голови одиграа АИК и Бромапојкарна во 23-тото коло од шведското првенство, мечот заврши со победа на гостите од 6:5. Највозбудливиот момент на мечот кој без сомнение е најдраматичниот оваа година се случи во деветтата минута од судиското надополнување, кога фудбалерите на Бромапојкарна го постигнаа победничкиот гол. Би било преблаго да се каже дека коментаторот на натпреварот, како и гостинските фудбалери, се разбира, паднаа во делириум. Не се знае што беше поневеројатно во овој крајно луд натпревар: фактот што сите голови беа постигнати во второто полувреме или тоа што гостите водеа со 5:1, ја испуштија предноста, а потоа го постигнаа победничкиот гол длабоко во судиското надополнување. А можеби врвот на лудилото беа последните две минути од судиското надополнување – АИК постигна гол за 5:5 во 90+8. минута, а Бромапојкарна дојде до победа во 90+9. минута! Па така, ако навивачите на двата клуба го гледале натпреварот на телевизија и се откажале од следење на второто полувреме по првиот дел без голови – зажалиле. BP GÖR 6–5 I MATCHMINUT 90+9 I EN FULLSTÄNDIGT GALEN TILLSTÄLLNING! 🤯 Se alla höjdpunkter, mål och klipp från Allsvenskan på Fotbollskanalen: https://t.co/XOMMyfRNTY https://t.co/LsdqclZ432 — Fotbollskanalen (@fotbollskanal) October 10, 2026 Следеше вистински фудбалски спектакл. АИК, по резултатот 1:5 што стоеше на семафорот во 73. минута, се опушти, уверен во лесен триумф, и му дозволи на ривалот да се разбуди, да возврати и да се врати во натпреварот. Играчите на АИК редеа гол по гол, навивачите се „запалија“, а трибините „експлодираа“ во моментот кога на семафорот стоеше – 5:5. А потоа – шок, вистинска шлаканица. Буквално во следната акција по израмнувањето, гостинскиот играч Хансен ја стивна еуфоријата на трибините и ја разгоре радоста на својот тим – погоди за 6:5 и стави крај на најлудиот натпревар одигран оваа година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00