Почнува МОТ, 18 претстави до 28 септември - Канал 5

Почнува МОТ, 18 претстави до 28 септември

Осумнаесет претстави од денеска до 28 септември ќе понуди програмата на 43. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“.Ќе настапат повеќе од 200 артисти  на осум сцени во главниот град.

Почнува МОТ, 18 претстави до 28 септември

- Жанровски, естетски и програмски МОТ е можеби најразличен досега како целина. Девет фестивалски вечери со претстави од многу европски земји, во придружните програми и од Египет и Русија, рече на прес-конференција по повод фестивалот Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар - организаторот на МОТ.

Фестивалот вечер од 20 часот во МНТ ќе почне со белгиската „Блокбастер“ на „Колектив Мензуел“. Темите што ги отвора претставата се екстремната сиромаштија во светот, како и еколошките проблеми на планетата.

Се работи за претстава-филмска пародија, создадена со повеќе од 1400 кадри од 160 холивудски филмови. За време на претставата, филмот се прикажува во заднина, а членовите на „Колектив Мензуел“ на сцена ги произведуваат сите звуци и шумови, дијалози и целата музика.

На МОТ (mot.mk) годинава ќе гостува Словенско младинско гледалишче со „Идиоти“ според сценарио на познатиот дански режисер Ларс фон Трир, претстава што едновремено е и смешна и критична, промислена, лесна и возбудлива. Германската претстава „Има уште“, пак, е експеримент и ново колективно кореографско искуство.

Новосадско позориште ќе го претстави на сцена текстот на Данило Киш, „Гробница на Борис Давидович“, во режија на Александар Поповски на унгарски јазик. На програмата е и „Странци“ на Драмски театар во режија на Нела Витошевиќ, за која МКЦ наведува дека е претстава што ги отвора дилемите колку соочувањето со вистината нѐ прави подобри луѓе.

Португалската театарска компанија на Жоа Гарсија Мигуел ќе се претстави со „Го убивме шугавото куче“ - дел од проектот „Африкански бранови“, а „Балканската рута“ ќе ја прикаже маршрутата по која се движел театарскиот и филмски режисер Франц фон Столхен, по чие сценарио маршрутата почнува како театарски перформанс. Во оваа претстава учествува и македонската актерка Наталија Теодосиева.

На фестивалот ќе биде изведена и „Чудна шума“ на кореографката Искра Шукарова, која ја поставува со студентите на ФМУ, како и премиерата „Шииит“ на домашната независна театарска трупа „Артопија“ во режија на Ирем Ајдим.

На 43. МОТ ќе биде изведена и најновата претстава на Битолскиот народен театар „Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ, ангажирана општествена сатира, која реферира на историската мегаломанија на поранешната македонска власт.

Дел од МОТ ќе бидат и соло-проектот на Словенецот Марко Булц „Прва алтруистичка приказна“, „Болница“ на Јо Стромгрен компани од Норвешка, „Над земја под облаци // некаде помеѓу” во режија на Ирем Ајдим на „Ентропи студио“ од Истанбул.

Босанското народно позориште во Зеница доаѓа со претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Нина Николиќ. Ќе гостува и корејската претстава „(Во живо) БЈ Фауст“ на театарската компанија „Сисифе“ од Сеул, а фестивалската програма на 28 септември ќе заврши со „Црнила ремикс“ според класичното драмско дело на Коле Чашуле, музичко-драмски перформанс поставен од Јордан Симонов во продукција на Младинскиот културен центар.

Млад отворен театар ќе се одржува на осум сцени во Скопје - Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Кино Култура, Македонска филхармонија, Универзална сала, Кино Фросина – МКЦ, Дансинг сала во МКЦ и Драмски театар.

Фестивалот ќе има и богата придружна програма - два концерта, изложба „Сценографии 35“ - ретроспектива на 35-годишната сценографска кариера на Крсте С. Џидров, одбележување 70 години на меѓународната мрежа на Интернационалниот театарски институт на УНЕСКО со претставување на драмската авторка, филмска сценаристка и актерка од Русија, Јарослава Пулинович, и промоција на електронската книга „Сирота мала богата драма“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во породилиште во Исламабад: Изгореле 15 бебиња (ВИДЕО)

Најмалку 15 бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, објави денес локалната телевизија „Geo TV“.

Пожар во породилиште во Исламабад: Изгореле 15 бебиња (ВИДЕО)

Пожарот избувна во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според телевизијата, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација, објави Ројтерс.

Во времето на пожарот имало 16 новороденчиња во гинеколошкиот оддел, од кои едно било спасено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ - бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не  „преговара“, што не е ни чудо што не му оди.

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага.

Не може да им каже дека нема подобри услови, дека нема гаранции, дека нема „половични"- членства со Вучиќ, дека нема ништо од тоа.

Не може да им го каже тоа, но веќе и не мора - денес тоа им е јасно на сите.

Сега се обидува да протурка нова теза.

Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо.

Воопшто не спомнува дека не ги завршил реформите што ги вети уште во јуни, со пролонгирањето од една година што го доби минатата година.

Што вели Мицкоски?

Вели дека би бил пресреќен за воведување уште построги визи за македонските граѓани - затоа што не очекува укинување на сегашните, каде што сме на листата на трети земји… туку вели дека ќе има уште поцврсти врски и соработка.

Но што сака всушност да објасни? Дека ѝ врти грб на ЕУ, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат.

Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер.

Некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза.

Членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност.

Стратешките партнерства се компатибилни. Ако го напушташ европскиот пат тоа значи и напуштање и стратешкото партнерство со САД.

На Македонија ѝ е местото во ЕУ, со стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и така треба да остане.

На сите денес им е јасно дека стравот од независното европско обвинителство кај Мицкоски е голем колку Америка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Пожари беснеат во регионот. 

 Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Властите за цивилна заштита на Грција наредиле евакуација на пет населби во близина на Атина поради големи пожари што беснеат југоисточно од главниот град и во близина на најголемата поморска база во земјата на островот Саламина, пишува грчки „Катимерини“. Освен на овие пожари, пожарникарите интервенирале и на повеќе огнени стихии северозападно од градот и во северна Грција. Поради сушата, ризикот од пожари останува висок во поголемиот дел од Грција, според грчката агенција за цивилна заштита. Земјата, кон крајот на летото, се соочува со топлотен бран со температури до 40 целзиусови степени, а се предвидува дека тој ќе трае до почетокот на следната недела. Активни пожари има и во 5 општини во Црна Гора. Како што соопшти црногорското министерство за внатрешни работи пожари беснеат во Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ. Во некој области побарана била помош и од воздухоплови за гасење на пожарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер