Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Македонија е држава партнер - Канал 5

Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Македонија е држава партнер

Од денеска до сабота во Нови Сад ќе се одржи Меѓународниот саем за туризам на кој ќе има повеќе од 250 излагачи од Србија, Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија.

Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Македонија е држава партнер

Нашата држава е држава партнер на тој престижен настан.

Во следните три денови ќе бидат претставени агенции, организации, институции, здруженија, туроператори, хотели, бањи, национални паркови, осигурителни компании, јавни претпријатија, винарии и дестилерии, мали производители на храна и пијалоци.

Тие ќе обезбедат информации за угостителски и туристички објекти, сместувачки капацитети и настани, рурален туризам, природни убавини и туристички дестинации.

Меѓу значајните теми ќе биде и - рецептивниот туризам, со цел да се овозможи регионално презентирање на понудата на далечни пазари и да се доведат странски туристи во регионите на земјите од сливот на Дунав.

Саемот за туризам во Нови Сад е во својата шеста деценија и досега помина низ неколку трансформации. Од 2022 година, тој доживува нова „младост“ во ноемвриски термин, што е резултат на добрата соработка со изложувачите и нивните желби. Тој нов термин е создаден и за новите искуства - како што Северна Македонија, како земја партнер - ги носи за време на одржувањето од 27 до 29 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

- До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер