Почнува Меѓународниот филмски фестивал Тетово - Канал 5

Почнува Меѓународниот филмски фестивал Тетово

Во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска почнува четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал Тетово - ТИФФ, во организација здружението „Одао“.

Почнува Меѓународниот филмски фестивал Тетово
Според претседателот на фестивалот Сабедин Селмани, годинашното издание има три главни делови – работилници што ќе се одржуваат во претпладневните часови, главна натпреварувачка програма на кратки документарни филмови од 14 до 18 часот и вечерни проекциина долгометражни филмови со почеток во 20 часот.

Во официјалната натпреварувачка програма организаторите добиле 984 филмови, а од нив одбрале 45 кои ќе се натпреваруваат за награди на фестивалот. Меѓу учесниците има филмови од училиштето за филм во Хамбург, Германија, а ќе бидат прикажани и документарни филмови поддржани од Филмскиот фонд на Македонија.

- Отворањето на фестивалот е закажано за денеска во 20 часот со проекција на играниот филм „Три прозорци и едно бесење“ од Косово во режија на Иса Ќосја. Следната проекција на долгометражен филм е закажана за четврток кога премиерно во Тетово во соработка со Агенцијата за филм на Македонија ќе биде прикажан филмот „Децата на Сонцето“ од Антонио Митриќески, додека петок е предвиден за филмот „Свет од Албанија“ во режија на Ирис Елези и Томас Логореци. Затворањето на фестивалот и прогласувањето на победниците е закажано за сабота, изјави Селмани.

Тој посочи дека во работилниците што се однесуваат на сценарио, фотографија, режија и организација и менаџмент на филмска продукција ќе учествуваат и домашни и странски познати имиња од филмската индустрија. Проекциите и работилницитер во рамките на четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал Тетово ќе се одржат во Центраот за култура „Иљо Антески Смок“, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер