Почнува манифестацијата „Охрид трчаТ" - Канал 5

Почнува манифестацијата „Охрид трчаТ"

Со доделување на стартните пакети денеска почнува манифестацијата „Охрид трчаТ", чиј централен настан односно атлетската трка е се одржи в недела.

Почнува манифестацијата „Охрид трчаТ"

Според најавата на организаторот здружението „Охрид трчаТ", за вечер предвидена е ноќна трка пропратена со хуманитарна забава и концерт.

– Ревијалната трка од два километри ќе почне во 21 часот пред плажата „Куба либре" и е без натпреварувачки карактер. Ги повикуваме сите рекреативци, кои сакаат да наполнат позитивна енергија да дојдат и да учествуваат. В сабота за кога се предвидени разгледување на Охрид, посета на Свети Наум, ноќно крстарење и панел дискусијата која редовно ја организираме со цел да ги афирмираме пошироко информира на прес-конференција директорот на атлетската манифестација Иван Цветкоски.

На настанот, како што посочи, најавено е присуство на над 1.300 учесници, спортисти и рекреативци од 18 држави.

– Главниот настан е в недела, од 8 часот и 30 минути со првата трка на 21 километар, чиј старт е на кеј „Македонија" пред хотел Палас, каде ќе има вкупно 330 учесници, додека стартот на трката од пет километри е во 8 часот и 35 минути, со 980 пријавени учесници, истакна Цветкоски.

За одржување на трката, според Јоне Станкоски претставник од „Охрид трчаТ", предвиден е посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот.

– Со оглед дека улицата „Македонски Просветители" се реконструира, во еден дел ја заобиколуваме за трчање и се пренасочуваме кон „Мите Богоевски" и „Даме Груев". Се трча по улиците „Кеј Македонија", „Македонски Просветители", „Партизанска", „Јане Сандански", „Димитар Влахов", „Мите Богоевски", „Даме Груев", „Туристичка", „Абас Емин", „Кирил и Методиј", „Илинденска", „Коста Абраш", „Свети Наум Охридски", „Кузман Јосифовски" и патека Студенчишта. Трката се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците трчаат два круга, а трката на 5К се трча еден круг, но тие вратат кај Ројал и одат кон целта преку „Партизанска" и „Македонски Просветители" во делот кој е пуштен за употреба, појасни Станкоски.

За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ овие денови уживаат во Кварнер, а во Опатија пристигнаа со луксузната јахта „Лејди Б“.

Лепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)

Откако пристигнаа со јахтата, застанаа во хотелот и ресторанот „Беванда“ во Опатија и „Амор Си Клуб“, каде што беа топло пречекани од нивните домаќини.

На Инстаграм, Беванда објави фотографија од брачната двојка со пораката: „Неочекувани драги гости во Беванда. Лепа Брена и Боба Живојиновиќ застанаа во „Беванда“ и „Амор Си Клуб“, пристигнувајќи со брод во Опатија, пред утрешниот концерт на Крк. Им посакуваме пријатен престој и успешен настап.“

На фотографијата, Брена позира во лежерна летна облека - бела ленена кошула и панталони, заедно со шапка и очила за сонце, додека Боба избра светло сина маица, темни шорцеви и апостолки. Во позадина можете да ја видите нивната луксузна јахта закотвена на брегот.

Тие пристигнаа во Хрватска со новата јахта

Брена и Боба пловат по Јадранското Море со новата јахта „Лејди Б“. Тоа е импресивен брод со две палуби, украсен како луксузен апартман на море. Точната вредност на јахтата не е позната.

Тие го посетуваат хрватскиот брег во последните неколку дена, а пред Опатија беа видени и на други јадрански дестинации. Отпловија во Опатија непосредно пред концертот на Брена во Крк, каде што повторно ќе настапат пред публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода.

Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди.

Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите.

Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината.

Тогаш последиците беа урнатини и жртви.

Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат.

Тогаш светот се солидаризираше со Скопје.

Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата.

Разликата е една.

Земјотресот беше сила на природата.

Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата.

Последиците се видливи.

Разорена доверба.

Ослабени институции.

Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти.

За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер