Почнува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ за директна комуникација со земјоделците - Канал 5

Почнува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ за директна комуникација со земјоделците

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директната комуникација со земјоделците е од големо значење.

Почнува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ за директна комуникација со земјоделците

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство стартува денеска со првата трибина што ќе се одржи во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директната комуникација со земјоделците е од големо значење.

- Ресорот земјоделство неминовно мора да има постојана и директна комуникација со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат, истакна министерот синоќа во телевизиско интервју.

Во рамки на кампањата се формирани два големи тима кои ќе посетат над 30 општини, како и шест помали тимови кои ќе опфатат повеќе од 120 населени места. Средбите ќе се организираат секој петок, среда и сабота, во зависност од типот на тимовите.

На прес-конференција во неделата, министерот најави дека во малите тимови ќе учествуваат директорите на клучните институции - Даниела Иротова од Платежната агенција, Филип Филиповски од АД Водостопанство, Васе Анакиев од Државниот инспекторат за земјоделство, Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство, Здравко Трајанов од ЈП Национални шуми. Еден од тимовите ќе предводи министерот, појаснувајќи дека во активностите ќе се вклучат и останатите директори од секторот, како и локалните структури на Министерството.

Целта, според него, е да се слушнат предизвиците и идеите на земјоделците. На средбите ќе се разговара за тековните проблеми со кои се соочуваат земјоделците, нивните предлози за унапредување на производството, како и за спроведените мерки и политики во изминатите две години. Земјоделците имаат суштинска улога за државата и тие, нагласи Трипуновски, не се само производители, туку двигатели на руралниот развој, чувари на традицијата и клучен фактор за стабилност на домашниот пазар.

Министерот упати повик до земјоделците активно да се вклучат во кампањата нагласувајќи дека најдоброто од Македонија доаѓа токму од македонските ниви и вредните раце на нашите чесни, работливи земјоделци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Топлото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Слично време се очекува и во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби седна на обвинителна клупа откако против него и седум други лица беше поднесено обвинение за злоупотреби при набавка во Државна лотарија.

Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа

По шест месеци во домашен притвор утринава беше спроведен во скопскиот Кривичен суд. Но наместо низ главниот влез на судската зграда каде вообичаено ги спроведуваат обвинетите кои се со мерка домашен притвор, со полициско возило Груби беше спроведен преку гаражите на судот. Во истрагата за случајот беше осомничен за проневера во службата но обвинителството го преквалификува делото во „злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена поблага казна, односно од 1 до 5 години затвор.

-Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Р. С. Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, стои во обвинението. - ОЈО Скопје

Првообвинет во случајот е поранешниот генерален директор на Државна Лотарија, Перперим Бајрами кој е во бегство и за кој се уште има активна потерница. Обвинети се и поранешниот генерален секретар на Влада, Методија Димовски, потоа поранешниот претседател и членови на надзорниот одбор Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски и Башким Авди.

Во случајот „Државна лотарија“ обвинети се вкупно осум лица:

Перпарим Бајрами – поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“ – во бегство.

Артан Груби – поранешен прв вицепремиер

Методија Димовски – поранешен генерален секретар на Владата

Скендер Мехмети – поранешен член/претседател на Надзорниот одбор

Бојан Јанев – поранешен член на Надзорниот одбор

Фатмир Рамаданоски – поранешен член на Надзорниот одбор

Александар Димитриоски – поранешен член на Надзорниот одбор

Башким Авди – поранешен член на Надзорниот одбор.

Сите се товарат за исто кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението во текот на 2023 и 2024 година заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности и со намера на „Државна лотарија“ ѝ нанеле штета од 8,2 милиони евра.

Пред судот обвинението го застапуваат обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски од скопското обвинителство. Вина кај обвинетите ќе докажуваат со 231 матертијален доказ и 7 сведоци. На денешното прво рочиште на обвинетите им беа доставени доказите и беше договорена диманиката на рочиштата.

Со оглед на тоа дека се работи за обвинителен предлог и предмет кој се суди по скратена постапка, судијката Билјана Шуплиновска Јовевски им остави простор од десетина дена на одбраната да ги разгледа доказите и следно рочиште закажа за 7 септември.

Сега обвинетиот поранешен прв вицепремиер Артан Груби кој во случајот го застапуваат двајца адвокати, Гоце Ристевски и Владимир Доневски, речиси една година беше во бегство. Во декември 2024 година преку граничниот премин Блаце кон Косово пеш ја преминал границата иако бил на стоп листа. На 23 февруари годинава во утринските часови се појави на истиот гранничен премин каде беше уапсен, но по распитот наместо во затворски притвор кој првично се бараше, обвинителството кое тогаш објасни дека е поради безбедносни причини, побара куќен притвор, мерка која ја определи Кривичниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика..

Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-Де-Еф..

„На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабела германската економија и го намалила богатството на домаќинствата..

Во однос на миграцијата, таа најави затворање на германските граници и излез на Германија од Шенген-зоната..Таа се заложи и за поголем број депортации и ограничено доделување германско државјанство. На национално ниво испитувањата на јавното мислење на афд ѝ даваат поддршка од 27 отсто, додека владеачката Це-Де-У има 22 отсто од гласачите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер