ЗабаваПочнува јубилејниот 10. хакатон „NASA Space Apps Challenge“Овој викенд Скопје ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, јубилејниот 10. NASA Space Apps Challenge, на кој секоја година учествуваат над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на пет континенти.Предизвикот ќе почне денеска и ќе трае до 3 октомври. Го организираат Њуменс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс Скопје, а националната награда за освоеното прво место ќе биде патување во НАСА. Таква можност ќе имаат двајца учесници од победничкиот тим. NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори, градители, уметниции и технолози, кои организирани во локални тимови ќе работат 48 часа за да ги решат годинашните предизвици зададени од експертите на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА). -Од своето основање во 2012 година, NASA Space Apps Challenge брои повеќе од 150.000 учесници од преку 150 земји, кои ги користеа отворените податоци на НАСА со цел создавање решенија што ќе го подобрат животот на Земјата и во Вселената, а настанот кај нас редовно се одржува од 2013 година со традиционална поддршка на Амбасадата на САД, како и локални компании, експерти, професори и ентузијасти, велат организаторите на хакатонот во Скопје. Темата на настанот ќе биде „The power of ten". Годинава, НАСА ќе одбележи десет неверојатни години на заедништво, соработка и решавање предизвици преку формирање на моќен тим од 10 меѓународни вселенски агенции, кои ќе работат заедно со цел Space Apps да биде достапен за уште повеќе заедници ширум светот. -За секој Space Apps хакатон, експерите од НАСА презентираат предизвици со кои тие реално се соочуваат на Земјата и во Вселената, а за време на натпреварот ќе може да комуницирате токму со креаторите и со тимови од други локации кои работат на истиот предизвик со цел добивање дополнителни информации, разменување идеи и мислења. Предизвиците се вкупно 48, од повеќе различни области како AI/ML (2), Apps (4), Data Organization (4), Game (3), Hardware (2), Knowledge (7), Moon (3), Risk (4), Science Applications (9), Space Travel (7), Youth-friendly (3), истакнуваат организаторите. Во чест на 10-годишнината, НАСА додададе четири нови категории, а со тоа и можност 10-те победнички тимови од целиот свет да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на ракета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook