Договорот за изградба и официјално беше потпишан од избраниот изведувач „Рапид Билд“, министерството за енергетика и операторот Номагас. Тендерото е вреден 59,9 милиони евра, а очекувањата на министерката Божиновска се дека со изградбата на интекронекторот ќе се овозможи алтернативен влез на природен гас и поголеми можности за индустијата и локалните самоуправи.
- Конечно ќе имаме алтернативен влез на природен гас, ќе имаме поголема сигурност, повеќе избори и помала зависност од едиствен снабдувач,-Сања Божиновска – министерка за енегетика,рударство и минерални суровини.
-Со овој договор се обезбедува диверзификација и достапност до повеке извори на природен гас, се обезбедува економскиот развој, унапредување и заштита на животната средина, се придонесува кон безбедноста на снабдувањето со енергија,-Мухамед Елмази – извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.
Од компанијата на изведувачот најавија дека со работа ќе почнат од утре. Од таму уверуваат дека се комплетно обучени и опремени за изведбата на проектот. Како единствен предизвик го посочија процесот на експропријација на дел од трасата.
-Доколку не е завршена експропријација на некој дел од трасата ние сме буквално во не можност да работиме и да направиме било што, но доколку е решена експропријацијата мислам дека за нас нема пречки,-Тони Каранфиловски – „Рапид Билд“ .
Проектот за иградба на интерконекторот во земјава претходно беше стопиран, поради поништување на тендерот. Божиновска денеска посочи дека новиот изведувач понудил цена за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда од фирма од Србија.
Проектот како што е најавено, ќе се изведува со подршка преку грантови и заеми од европската банка. Изградбата на 56-те километри на интерконеторот од Грчка страна започнаа во февруари годинава, а според најавите се очекува да завршат на пролет идната година.