Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје - Канал 5

Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

Со поставување камен темелник денеска беше означен стартот на инвестицијата на турската компанија за произведство на грејачи и отпорници за бела техника и електрични апарати „Шахтерм“ во технолошко индустриската развојна зона - Скопје. 

Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места.

YouTube video

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС

СДС мора да почне да се однесува како сериозна партија, а не како мало дете на кое му ја земале играчката.

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС

СДС мора да прифати дека проектите кои се реализираат, не се во нивна или наша сопственост, туку за граѓаните и за државата.

Исто така, многу е важно да се напомене дека проектите кои се почнуваат мораат и да се завршат. Е сега, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е во тоа што ние кога работиме и остваруваме, се е во временски рок, јавно и транспарентно, а додека пак СДС, ако отпочне некаков проект, тој проект потоа е корумпиран, со тендери договорени во 4 очи, поскапи цени двојно од набавните, класифицирани договори или пак, проекти кои остануваат така да блеат во празно, и никој за ништо да не одговара.

Проекти кои СДС ги има до крај завршено се, проектот за златната виза на Филипче, пари од ископ на јаглен на фирми на Филипче и Заев, проектите за уништување на Македонија, како што беа името, знамето, идентитетот и Уставот, потпишувањето на Преспанскиот и договорот со Бугарија, проектот Француски предлог и многу други проекти слични на овие.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ вистински работи на реализација на проектите, без разлика која Влада ги започнала и ги решава на брз и ефективен начин во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Бислимоски: Конфликтот меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

За само еден ден цената на нафтата на светските берзи скокна за речиси десеттина долари, поради конфликтот меѓу Израел и Иран.

Бислимоски: Конфликтот меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

Првиот регулатор во земјава Марко Бислимовски, иако смирува следната недела не се очекува драстична промена во цените на нафетени деривати, вели ако трендот на зголемување продолжи во наредниот период, тоа ќе влијае и на цените на нафтата во земјава. Очекува дека ова е само еден пик по кој цените ќе се стабилизираат.

„Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја носиме одлуката, но понатаму доколку продолжи ваквиот тренд на високи цени на нафтените деривати, апсолутно дека ќе има влијание и на цената која што ќе ја плаќаат корисниците во Македонија. “- Марко Бислимовски – РКЕ.

Бислимовски не очекува, доколку дојде до пораст на цените на нафетните деривати, тоа да влијае и на зголемување на цените на останатите продукти. Потсети дека на стартот на војната во Украина и тогашниот раст на цените на нафтата, скокнаа речиси сите други цени кои никогаш не се вратија назад, иако нафетните деривати се далеку поевтини сега.

„Кога зборуваме за цените на нафтените деривати, дизелот кога беше 110 денари беше причина за голем број поскапувања. Денеска цената на дизелот е 66-67 денари, а цените на производите кои тогаш се покачија не се вратија назад. Не верувам дека тоа ќе има драматично влијание на останатите продукти коишто се користат во Македонија...“ - Марко Бислимовски – РКЕ.

Инаку светските берзи, денеска, поради стравувањата од потенцијално проширување на конфликтот на Блискиот исток, го забележаа најголемиот дневен скок на цените на нафетени деривати, барел изнесува околу 75 долари. Последен пат највисок скок имаше во март 2022 година, веднаш по стратот на војната во Украина.

Пуштен во употреба реконструираниот пат охрид – св. Наум вреден 11,7 милиони евра

Во пресрет на летната туристичка сезона, денес и официјално беше пуштен во употреба реконструктуираниот магистрален пат Охрид-Свети Наум во должина од 24 километри.

Пуштен во употреба реконструираниот пат охрид – св. Наум вреден 11,7 милиони евра

Проектот според информациите е вреден 11,7 милиони евра.

Од Охрид известува Маја Стојановска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

притисни ентер