Почнува Истражувачкиот филмски фестивал Скопје - Канал 5

Почнува Истражувачкиот филмски фестивал Скопје

Дебати, работилници и филмови што се фокусираат на интересни и актуелни теми во медиумите, за кои се дебатира во Европа и светот ќе може да проследи публиката на второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје, во Кино Култура.

Почнува Истражувачкиот филмски фестивал Скопје

Во трите фестивалски дена, десетина гости, врвни истражувачки новинари од цел свет ќе ги споделат своите искуства, а ќе видиме и дел од нивните документарни истражувачки филмови.

– Почнуваме со разговор со Џејн Литвиненко од BuzzFeed News преку кој публиката ќе може да дознае повеќе како да прави разлика помеѓу вистината и лагата на интернет. Ќе разговараме за проверка на фактите, но и за ширењето на дезинформации и измами на корисниците присутни во онлајн-светот. Потоа следи филм за „Фејсбук" на Channel 4 кој ќе понуди прозорец кон тајните на оваа социјална мрежа, вели Кристина Озимец, директор на фестивалот.

Литвиненко во својата работа се фокусира на теми врзани со дезинформациите на интернет. Таа истражува и анализира ширење лажни вести, дигитални измами и слично.

Пишувала за онлајн-нелегална продажба на дрога, разоткрила мрежи од лажни сметки кои користејќи ги социјалните медиуми ги мамат корисниците и профитираат благодарение на онлајн-екосистемите.

Главната тема на фестивалот е „Вистина, лаги и лајкови".

Големиот интерес на публиката за дебатата на првото издание на фестивалот „Македонија и феноменот на лажни вести" ни покажа дека иако секој има различно видување за тоа што е вистина, сепак многумина сме обединети во желбата да ја пронајдеме. Затоа, второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ја разгледува вечната борба за превласт меѓу вистината и лагата, која кулминира во дигиталниот 21 век, велат организаторите. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи и партнерите Фридрих Еберт Штифтунг – Скопје.

Прв пат на фестивалот имаме гостин од Google News Lab. Станува збор за Даниел Жонса, кој ќе ги сподели можностите на современите дигитални алатки што им се на располагање на новинарите. Тројца истражувачи новинари од Германија, Анете Довидајт од „Велт", Фолкер Штајнхоф од најстариот истражувачки ТВ-магазин „Панорама" Оливер Шрем, главен уредник, на CORRECT!V, кои ќе ги споделат предизвиците со кои се соочува истражувачкото новинарство во Германија, како и опасноста од ширење лажни вести и дезинформации во Европа.

Гости на фестивалот ќе бидат и истражувачките новинари Карло Бонини од „Ла Република" и Мет Сарнецки, продуцент на The Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP), кои ќе се осврнат на сериозниот ризик кој ги следи новинарите во секоја нова потрага по вистината. Тие ќе ги претстават документарните филмови „Дафне" за убиството на новинаркатаод Малта, Дафне Каруана Галиција и „Убивајќи го Павел", посветен на проблематичната полициска истрага за убиството на белорускиот новинар Павел Шеремет.

Годинава ИФФС ја носи и успешната приказна на хрватскиот портал „Лупига", а новинарите Ивор Цар и Ладислав Томичиќ ќе зборуваат за успехот на нивната crowdfunding кампања, во која успеаја да соберат повеќе од 42.000 долари од своите читатели како финансиска поддршка за понатамошно независно функционирање на нивниот медиум.

Вториот фестивалски ден е македонски ден – посветен на медиумите и новинарството во Македонија и предизвиците на домашен терен. Ќе ја отвориме темата „Владиниот пиар и социјалните медиуми: влијание, присуство или преголемо присуство". Учесници на дебатата ќе бидат: Бранко Героски, Божидар Божиновски, Марјан Забрчанец, Васко Маглешов и Бојан Кордалов.

Покрај документарците на СКУП и „Кадар", ќе ја видиме и велешката бајка „Fake News Fairytale" на лондонската режисерка Кејт Стоунхил (Kate Stonehill). Од успешната домашна приказна за кратки видеа „Види Вака" ќе ни раскажат како во една минута да ја освоите публиката на социјалните мрежи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. 

 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата.

-Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд

Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел.

-На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар

Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер