СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
КошаркаПочнува финалето во македонското кошаркарско првенствоЕкипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Куманово денес од 18 часот ќе го одиграат првиот натпревар од финалето на плеј-офот од македонскиот кошаркарски шампионат.Финалната серија ќе се игра до три победи, а првиот дуел е во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Големите ривали и минатата година одлучуваа за трофејот кој веќе четири години по ред е кај клубот од Аеродром. За МЗТ Скопје ова ќе биде 11.финале, додека кумановци по трет пат ќе се обидат да стигнат до првиот наслов шампион на Македонија. Во минатогодишното фиале на Плеј офот МЗТ Скопје Аеродром ја доби серијата со максимални 3-0. Актуелниот шампион поради најдобриот скор во регуларната сезона и освоеното прво место на табелата во финалната серија ќе ја има предноста од домашниот терен во евентуалната мајсторка. И двете екипи во првенствените средби оваа сезона извојуваа по две победи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАрсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари. Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите. Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРегистриран земјотрес во Србија Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје. Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи. „Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook