СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураПочнува Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“Од денеска до 1 октомври во Младинскиот културен центар и во Кинотеката ќе се одржи 13-то издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.Фестивалот вечерва ќе го отвори амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери во 20 часот, во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Овој филм неодамна ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Локарно. Влазниците за отварањето на фестивалот се бесплатни. Во наредните шест дена Скопје ќе биде домаќин на 400 учесници од Македонија, како и 30-ина младинци од Италија, Швајцарија, Данска, Романија, Србија, Косово и Црна Гора. Младите учесници од другите земји ќе бидат сместени во фамилиите на нивните врсници од Скопје. Сите учесници на фестивалот го сочинуваат жирито поделено во три категории според возраста: јуниори (од 10 до 14 години), кадети (од 14 до 16 години) и сениори (од 17 до 19 години). Сите проекции на филмови, работилници и содржини наменети за младите учесници на фестивалот се целосно бесплатни. Организаторите информираат дека учесниците во текот на петте дена ќе гледаат филмови, ќе се вклучуваат на дискуции и мастеркласови и тиа ќе одберат да учествуваат на една од седумте креативни работилници на кои ќе може да креираат филмови, фотографии, стрипови и перформанс. Во рамките на Creative You(th) Talks конференцијата ќе бидат претставени млади автори и иницијативи и ќе се дискутира за теми кои ја засегаат младата генерација. Младите автори Бојан Василев и Беса Туша од Скопје, ќе ги презентираат своите кратки филмови и ќе дискутираат за креативноста, но и за креативното творење како мотивација. Младите документаристи од последната генерација на „Докуникулци“ ќе ги прикажат трите нивни кратки документарни филмови кои ги направија ова лето во рамките на филмската школа на „МакеДокс“ и ќе дискутираат су учеџниците. На презентацијата на UWC (United World Colleges) ќе биде презентирана можноста средношкочците да го завршат средното образование на едно од 18-те училишта во разни земји во светот и како и добивање на една од 10 стипендии за средношколци од целата држава кои македонскиот комитет на UWC ги доделува. На дискусијата со Теодора Милевска (едукатор и истражувач, посветена на унапредување на родовата еднаквост) ќе се надоврзата на документарниот филм „Девојките не плачат“, кој следи шест храбри тинејџерки од целиот свет, секоја соочена со уникатни предизвици, но обединети од една желба: да живеат слободно и според свои услови. Има многу прашања кои треба да се дискутираат. Како девојките се движат низ свет кој често се чини повеќе рестриктивен отколку слободен? Дали на девојките им е потребна инспирација и моќен повик за вистинско женско јакнење - и подобар, послободен свет за следната генерација? Повод за разговор ќе биде и филмот „101% - Кој ги контролира вашите избори?”, снимен под покровителство на италијанската полиција, како дел од кампањата за подигање на свеста за сајбербезбедноста на младите и водич во дигиталниот свет, заштите на приватноста и контролата на личните податоци онлајн. Покрај тоа ќе се одржи и работилница “Young Europeans meet the Italian Youth Agency“ на која ќе учествуваат учесниците од повеќе земји и ќе се запознаат со активностите на Италијанската младинска агенција, која управува со европските младински програми во Италија и со многу иницијативи и можности за промовирање на учеството, инклузијата, талентот и креативноста кај младите. На фестивалот ќе се придружи и Клаудио Губитози, основач и директор на Филмскиот фестивал Џифони од Италија на чија иницијатива пред 13 години беше создаден фестивалот „Џифони Македонија“ како еден од најважните столбови на „Џифони“ визијата во балканските земји. На крајот од фестивалот, меѓу учесниците кои ќе бидат најактивни во дискусиите и работилниците, ќе рециклираат и ќе бидат добри домаќини на гостите од странство, најдобрите 12-мина ќе бидат избрани за учество на Филмскиот фестивал Џифони во Италија во 2026 година и како и други меѓународни фестивали во Европа. Свеченото затворање на фестивалот е на 1 октомври со почеток од 19 часот и ќе претставува презентација на целата креативната работа кои учесниците ја направиле на седумте работилници во текот на петте дена. Ќе бидат изложени сите фотографии и стрипови и ќе се прикажат сите кратки филмови направени од учесниците во текот на фестивалот. Овој последен ден од фестивалот е ден на радост кога се покажува креативност и талентот на младите, но и тага поради разделбата со новостекнатите пријатели од сите земји учеснички. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Агенција за филм, Градот Скопје, Општина Карпош, Џифони Експириенс од Италија, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, Пакомак, Витаминка, Дивела и др.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20