2Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
КултураПочнува фестивалот „Златна лира“, девет камерни концерти до 31 октомвриФестивалот денеска во Музејот на македонската борба во Скопје ќе го отворат тенорот Михајло Арсенски и пијанистот Дино Имери.Во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), од денеска до 31 октомври ќе се одржува 17. Фестивал на камерна музика „Златна лира“ кој ќе понуди девет камерни концерти и настап на домашни уметници кои творат во земјава и во странство. Фестивалот денеска во Музејот на македонската борба во Скопје ќе го отворат тенорот Михајло Арсенски и пијанистот Дино Имери. Во наредните денови концертни настапи ќе имаат и пијанистките Хајди Елзесер и Јасмина Трајческа, камерните дуа Љупчо Коскаров (труба) и Дарко Мариновски (пијано), Ристо Ѓоревски (кларинет) и Елена Атанасовска-Ивановска (пијано), Александра Коцевска (мецосопран) во пијано придружба на Глигор Гелебешев, Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангеловска-Христов (пијано), Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано). Во рамките фестивалот „Златна лира“ традиционално ќе учествуваат и млади уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера. СМУМ во изминатите години соработува со меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, кој опфаќа учесници во повеќе категории и дисциплини од целиот свет. -Плод на таа соработка е наградата за најдобар учесник на натпреварот од Македонија која ја доделува токму здружението СМУМ, а се состои од организација на концерт во рамките на фестивалот „Златна лира“. На фестивалскиот подиум ова издание ќе ги видиме младите уметници Мерт Рустемов (кларинет), Мевљут Асаноски (кларинет), Ѓорѓи Димовски и Арсени Ангелески (пијано), соопшти СМУМ. На последната фестивалска вечер на „Златна лира“, на 31 октомври во Музејот на македонската борба, ќе бидат доделени традиционалните награди „Златна лира“ на Сојузот на музичките уметници на Македонија. Оваа година наградата „Златна лира“ за успешна работа во текот на изминатата година ќе му биде доделена на Трио Аура, во состав Ана Гацева – пијано, Страшо Темков – флејта и Марјан Милошевски - фагот, додека наградата за животно дело ќе ѝ биде врачена на пијанистката, професорка по пијано и публицистка Снежана Анастасова-Чадиковска. Фестивалот „Златна лира“ се реализира во соработка и со поддршка на Министерството за култура, Факултетот за музичка уметност во Скопје, Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и фестивалот „Охридски бисери“. Влезот на сите концерти ќе биде слободен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаж загина во пожар во барака во скопски ЖданецМаж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец. Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55