3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
ЗабаваПочнува фестивалот Санремо, шоуто ќе го води Златан Ибрахимовиќ Традиционалниот фестивал на италијански канцони во Санремо, кој годинава ќе се одржи по 71. пат, според некои е наречен неморален, застарен и телевизиски кич на реалноста, но други сепак сметаат дека тоа е национално богатство на Италија.Без разлика дали станува збор за нови песни, тажни балади или комбинации на облека на учесниците на фестивалот, Италијанците со нетрпение го очекуваат традиционалниот петдневен музички фестивал што започнува денеска во Санремо. Некои сметаат дека тоа е носталгична забава што инспирира, а кај некои предизвикува потсмев. Оваа година, фестивалот не е поштеден од компликациите што ги донесе коронавирусот - оркестарот, изведувачите и домаќините нема да настапат пред публиката во живо во салата, а супермоделот Наоми Кембел, годинашнава гостинка на фестивалот, била принудена да го откаже учеството поради компликации при патувањето. Сепак, напаѓачот на фудбалскиот клуб Милано, Златан Ибрахимовиќ, е подготвен да влета и да им помогне на организаторите и ќе биде домаќин на првата фестивалска вечер, обидувајќи се да привлече што повеќе гледачи. Околу 10 милиони Италијанци го следат фестивалот Санремо секоја година, уживајќи во неизбежните полемики што го придружуваат, без разлика дали станува збор за обвинувања за плеј-бек настапи, плагијат на песни, кавги меѓу познати личности или „случајно озборување“, објави АФП. Фестивалот првпат се одржал во 1951 година и бил замислен како еден од начините да се придонесе за зајакнување на туризмот во овој крајбрежен град на северозападот на земјата. Од прикажувањето на фестивалот имала корист и италијанската јавна телевизија РАИ, која пред публиката презентира нови музички таленти. РАИ емитува пет фестивалски вечери по ред секој февруари и ги воодушевува гледачите од Венеција до Палермо на малите екрани, а гледаноста е приближно иста како во времето на Светското првенство кога игра националната фудбалска репрезентација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook