МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
1МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
ЖивотПочнува Фестивалот на чај - природни вкусови и ароми, кинеска церемонија, ботаничка градина ...„Ослободете ја моќта на билките“ е мотото на Фестивалот на чај што ќе се одржува од денеска до недела во Скопје. Најавено е претставување на 30-тина учесници - поединци во чиј фокус се чаевите, ароматичните билки, пчелните производи и есенцијалните масла, како и неколку комерцијални македонски и странски брендови. На фестивалот, што ќе се одржува во Скопје Сити Мол, е предвидено и учество на институти, факултети и институции. Куриозитет ќе биде претставувањето на Институтот Конфуциј при УКИМ, кој попладнево, во 18 часот, ќе понуди уникатно искуство - традиционална кинеска церемонија на чај и кинески танци во изведба на деца кои го изучуваат кинескиот јазик. Со едукативно катче ќе се претстават Ботаничката градина од Природно-математичкиот факултет - Скопје и студентите од Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ). Тие ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариуми и инсектариуми и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња. Во 18 часот ќе направат и презентација на садење семиња. На настанот се приклучуваат и „Национални шуми“ со презентација и едукативен дел за македонските шуми, екологијата и потенцијалите. Децата ќе имаат прилика да уживаат во ликовите на славните книги за природата, во креативно едукативно катче „Сказнувалка“, водено од професионални едукатори од областа на детската литература, креативноста и уметноста. -На тридневниот фестивал посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви и да дознаат повеќе за добрината на природата, традицијата и културата, како и за моќта на лековите билки од професионалци за ароматични билки и есенцијални масла. Фестивалот е фокусиран на природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапуни, препарати за здрав живот, мелеми и чајни колачи од билки, понатаму шумски плодови, мармалади и чаеви со тартуфи. Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед, козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки, велат организаторите - Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter