3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураПочнува фестивалот „Актерот на Европа 2014“На свечено отворање на фестивалот ќе присустува и култниот актер Раде Шербеџија од Хрватска, кој оваа година е лауреат на престижно признание „Актер на Европа 2014“. Во Ресен, Преспа, денеска ќе биде отворен 12. Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. На свечено отворање на фестивалот ќе присустува и култниот актер Раде Шербеџија од Хрватска, кој оваа година е лауреат на престижно признание „Актер на Европа 2014“. Фестивалот беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне “Да се гради Европа значи да се гради мир”. По прогласувањето од страна на Европскиот парламент на митското Преспанско Езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот. Наградата „Актер на Европа“ првпат беше доделена 2003 година, а ја понесе легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија. Следеа Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија и Ана Патерсон од Шведска. Манифестацијата се одржува во организација на Езеро Без Граници, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Општина Ресен, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Макеоднија. Фестивалското жири го сочинуваат Мето Јовановски - претседател на жирито, Мартин Кочовски и Весна Гаврил - членови на жирито. На фестивалот досега учествувале повеќе од 120 претстави од речиси сите европски земји. вг/дма/9:00 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтудентите бараат зголемен студентски оброк, бесплатен превоз и подобри услови во домовитеСтудентските права се загарантирани на хартија, но во пракса проблемите остануваат нерешени. Лоши услови во студентските домови, проблеми со јавниот и меѓуградскиот превозот, недоволен студентски оброк и сомнежи за фаворизирање при оценувањето – ова се дел од проблемите со кои се соочуваат студентите. Едно од главните барања на студентите е зголемување на дневниот надоместок за субвенциониран студентски оброк, од сегашните 140 на 200 денари. Според нив, постојниот износ не е доволен за покривање на трошоците за исхрана. ,,Од 2023 година до денес износот на оброкот не е зголемен ниту еднаш... спротивно на Законот за студентски оброк кој го има донесено Собранието на нашата држава. Она што студентите можеле пред 3 години да го купат за 140 денари дневно, денес таканаречено можат да ,,сонуваат,, Тоа е првиот проблем за кој студентите најмногу пријавуваа.“ – Основач на „СТУДЕНТАРИЈА“- Гоше Николов Покрај студентскиот оброк, прашањето за бесплатниот јавен превоз е само уште еден од шесте проблеми што денеска беа посочени. ,,Дискриминаторски е студентите во Скопје да имаат превоз, а студентите од Тетово,Охрид,Битола,Прилеп... кадешто постои градски превоз и каде има државни па и приватни универзитети да го немаат тоа право.“ – претставник на„ СТУДЕНТАРИЈА“ - Александар Николовски За само шест месеци, преку платформата „Студентарија“ пристигнале над 700 пријави, а повеќе од 1.200 студенти гласале за пријавените проблеми. Бројките покажуваат дека студентскиот глас е сè погласен, но сега се очекуваат и конкретни решенија од надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Сања БожиновскаНе помина интерпелацијата во Собранието за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска- 19 пратеници гласаа за, а 63 дадоа глас против. Во тричасовната дискусија за струјата, долговите, рудниците, подносителите од Левица и пратениците од СДСМ ја оспоруваа нејзината работа со критики дека во две години се создало енергетско безредие. Божиновска кажа дека со интерпелацијата добила можност да каже што сработила, но потенцираше дека постои граница меѓу надлежностите на министерството и работењето на ЕСМ и РКЕ за кои добива забелешки од нив. Пратениците продолжија и со меѓусебни обвинувања за тоа која власт донела поголеми трошоци и долгови за граѓаните. Се дебатираше и за потенцијалот на Чебрен и Галиште, за кои СДСМ критикува дека се уште нема напредок ниту финансиска конструкција. Од Владата неодамна најавија дека следната година се очекува да биде поставен камен темелник за двете хидроцентрали, а државата ќе биде инвеститор на проектот за кој имало интерес за финансирање од американска финансиска корпорација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејачВенко Филипче си ја ишка мувата од капата.Тој и Зоран Заев му се извинуваа на Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови. Впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки. Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, а еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ. Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1000 пати ќе стане вистина тоа не може да биде така. Врските на Филипче и Вучиќ не може да се избришат ни со 1000 прес-конференции против Вучиќ. Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто. Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот. Сестринската партија на СДС во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДС во Србија е на 9-тото место. А СДС пак во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија. СДС бега од предвремени избори како ѓавол од темјан. СДС со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција. Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook