По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
КултураПочнува етно фестивалот „Охрид“Со концерт на Александар Јовевски вечер пред платото на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи второто издание на етно фестивалот „Охрид“.На концертот насловен „Од колено на колено“, како што соопшти организаторот здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, ќе бидат застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, како и женски вокали. Ќе биде збогатен и со клавијатури, перкусии и бас гитара. - На концертот ќе бидат изведени обработки на стари македонски изворни песни како што се „Бај Никола“, „Изникнало криво крувче“, „Сношти го видов мамо мори убавото Стојне“, „Ајде мала Стана болна легна“... Ќе бидат избедени и шест авторски композиции творени во духот на македонската традиција, но со нов музички израз и тоа: „Tамбурски вез“, „Кавал гали“, „Игра на инструментите“, „Длабочина“, „ЈовАнина“ и „Александров танц“, стои во информацијата. Организатор на етно фестивалот „Охрид“ е здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, а поддржан е од Оштина Охрид. Влезот е слободен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter