Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија - Канал 5

Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија

Тринаесет претстави ќе се натпреваруваат на 53. Драмски аматерски фестивал на Македонија (ДАФ) во Кочани кој ќе се одржува од денеска до 3 јуни. Од нив четири претстави се за деца (пладневни), а гостински се две претстави од Србија.

Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија
Селекторот на фестивалот Дарко Спасов на прес-конференција рече дека изборот е направен од 37 пријавени претстави на аматерски театарски групи и драмски секции на училишта од повеќе градови на Македонија и дека годинава доминантен е жанрот комедија.

- Од пријавените претстави над 90 проценти беа комедии, со мали исклучоци, како на пример „Ричард Трети“ на гимназијата „Јосип Броз Тито“. Веројатно комедијата привлекува повеќе публика и сигурен сум дека таа ќе го наполни салонот кога знае дека е комедија, истакна селекторот Спасов за новото издание на фестивалот, за кое извршниот директор на ДАФ Благој Пенов додаде дека градот Кочани е подготвен да ја угости публиката.

Фестивалот вечер во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе го отвори Велики театар од Јагодина, Србија, со претставата „На морската шир“ од Славомир Мрожек. Гостинска претстава е и „Вечера на будалите“ на Френсис Вебер на КУД „Бранко Радичевиќ“ од Стара Пазова. На 2 јуни ДАФ ќе го затвори „Дисфункција“ на Младинската сцена при Интимен театар-Битола.

За наградите ќе одлучува тричлено жири во состав: Димче Николовски, режисер, Андреја Голуб, драмски уметник, и Венцо Димитровски, сценограф.

Покрај претстави, во рамки на фестивалот ќе има и три промоции на книги - „Македонскиот рис“ од Славе Ѓорго Димоски, претставување на првиот превод на Шекспировиот „Венецијански трговец“ од Тодор Лазаров и „Историска хронологија“ по повод јубилејот на актерот Мите Грозданов, а во чест на наградените ќе биде организиран и ликовен перформанс на Сергеј Андреевски./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион.

Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“.

Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. 

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5..

Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер